ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА АДВОКАТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ

30 Август 2023

 Адвокатската комора на РСМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатски спортски игри.

Овогодинешните адвокатски спортски игри ќе се одржат во периодот од 6-ми до 8-ти октомври 2023 година (петок-недела), во хотелот „Дрим“ во Струга. Спортскиот дел ќе се одржи во сабота, 7 октомври.

Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг понг, куглање, влечење јаже и сл., зависно од интересот за конкретна дисциплина.

Висината на котизацијата за учество на спортските игри изнесува 5500 денари. Остатокот од вкупната цена која содржи две ноќевања на база на полн пансион, изнајмување на спортска сала, како и спортски маички го подмирува Адвокатската комора.

Сите заинтересирани учесници треба да се пријават на имеил адресата на Адвокатската Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  најдоцна до  25 септември 2023 година. Пријавите по 25 септември, ќе бидат разгледувани во согласност со расположливиот капацитет на хотелот.

Котизацијата се уплаќа на трансакциската сметка на Комората - 300 000 001 142 696, Комерцијална банка АД Скопје,  со цел на дознака „За спортски игри.“ Сместувањето е во двокреветни соби.

 
 
 
 
 
 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме