Претседател на АКРМ

Никола Додевски, адвокат
Почитувани колешки и колеги адвокати,
 
Добредојдовте на веб страната на Адвокатската комора на Република Македонија.
 
Веб страната има за цел ефикасно и благовремено информирање на членовите на Комората, како иолеснување во  реализацијата на одредени административни постапки.
 
На веб страната можете да пронајдете податоци за Комората, за нејзините тела, закони и акти релевантни за адвокатската професија, судска пракса и воопшто информации поврзани со адвокатурата во Република Македонија. Како Комора, особено ни е важна континуираната едукација на нашите членови, па така тука можете да ги најдете сите информации поврзани со обуки наменети за адвокати кои ги спроведуваат врвни предавачи и Ве охрабрувам да се пријавувате на истите. Банерот „E-learning“, пак,Ве носи до платформата која содржи каталог на курсеви за продолжено правно образование. Како член на Балканската регионална мрежа за владеење на правото, Македонската адвокатска комора ја користи оваа платформа да поставува курсеви за адвокати и останати професионалци во правната професија. Ви препорачуваме да ги посетите курсевите и да ги дадете Вашите коментари.
 
Покрај ова воведовме дел за огласи каде адвокатите и адвокатските друштва можат бесплатно да ги објавуваат своите потреби за вработување на адвокати, стручни соработници, приправници и друг кадар. Новина е софтверот „Адвокато“кој овозоможува електронско складирање на целосната адвокатска документација (предмети, рочишта, состаноци, задачи, документи), како и интегриран календар со известувања за сите ваши активности (рочишта, состаноци, задачи) и можност за СМС систем за автоматско потсетување, на кој можете да се регистрирате преку банерот поставен на веб страната.
 
Потребно е секој адвокат да стекне навика секојдневно да ја отвора веб страната на Адвокатската комора со цел навремено и точно информирање за прашања за кои е засегната адвокатурата.Адвокатската комора континуирано работи на развој на нови идеи и унапредување на веб страната со практични решенија за Вас, нашите членови.Ќе ви бидам благодарен за секоја сугестија за подобрување на веб страната.
 
Никола Додевски, претседател на Адвокатската комора на РМ

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме