ПОДНЕСЕНА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИИ

08 Август 2023
На ден 02.05.2023 година до Собранието на Република Северна Македонија од страна на група пратеници беше поднесен Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи по скратена постапка (во прилог). По однос на доставениот предлог Адвокатската комора на ден 10.05.2023 година достави Мислење со кое укажа на низа незаконитости на Предлогот со кои истакна дека Предлог законот е во спротивност со Уставот и другите закони, како и негативностите кои ќе се предизвикаат во случај на донесување на наведените измени. Мислењето на Адвокатската комора на РСМ е доставено до Претседателот на Собранието на РСМ, Владата на РСМ и Министерството за правда на РСМ (во прилог).
 
И покрај ваквото негативно мислење од страна на Адвокатската комора на РСМ, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 18 јули 2023 година, го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, и како таков е објавен во Службен весник на РСМ бр.154 на ден 20.07.2023 година (во прилог).

Заради горенаведеното, Адвокатската комора на РСМ на ден 08.08.2023 година поднесе Иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи објавен во Службен весник бр.154 од 20.07.2023 година (во прилог). Воедно со Иницијативата е поднесено и барање за привремена мерка, со која се запираат од извршување сите подзаконски акти, како и сите поединечни дејствија што се превземени врз основа на законот.


Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме