-->

ЧПП

  • Кои се условите за да можам да ја користам апликацијата?

    Апликацијата Адвокато (advokato.mk) е направена во координација со Адвокатската комора на Република Македонија и можност за користење на апликацијата имаат сите адвокати кои ја имаат платено членарината за тековната година.
  • Дали Адвокато е бесплатна апликација?

    Бесплатно користење за сите членови на Адвокатска Комора на Р.М до крајот на 2016 година .
  • Би сакал да почнам со користење на апликацијата како да се ригистрирам?

    Регистрацијата на апликацијата е едноставна. За регистрирање на нов профил ви се потребни емаил и бројот на мобилен телефон (за испраќање на сигурносен код). На формата за регистрација имате корисничко упатство за помош при регистрацијата.
  • Колку се безбедни моите податоци?

    Складирањето на сите податоци и документи се врши на сервери со сертификат ISO 27000, со автоматско правење на бекап на повеќе различни локации.
  • Што при првата најава на апликацијата ?

    При првото најавување на Адвокато потребно е да се конфигурираат основните податоци за адвокатската канцеларија, за носителот (администраторот на апликацијата), да се персонализираат основните податоци за работењето на апликацијата и да се внесат сите вработени кои работат во канцеларијата.
  • Колку вработени може да се внесат за една канцеларија?

    Бројот на вработени по канцеларија не е ограничен.
  • Како пристапуваат вработените во Адвокато?

    Вработени пристапуваат со нивните податоци, поточно со емаилот и лозинката кои ќе ги внесе администраторот.
  • Дали може да се ограничи пристапот на одреден вработен?

    Да. Адвокато има двојна контрола на привилегиите кои ги имаат вработените. Првата е при внесувањето на нов вработен се одредува кои менија може да ги гледа вработениот и по избор може да му се забрани пристап или доколку има пристап дали може да менува и да внесува податоци во тие менија. Втората контрола е при внесувањето на самите предмети и документи има можност баш тој предмет или документ да биде недостапен за вработениот.
  • Зошто не можам да ги гледам предметите или документите внесени од други вработени?

    Треба да се види дали вработениот ви овозможил пристап до тој документ или судски предмет.
  • Кои типови на документи можам да ги прикачам во апликацијата и колкава е максималната големина по документ?

    Нема ограничување на типот на документите, а во прв момент нема ограничување ни по големината на документите кои можат да се прикачат.
  • Како можам да извршам надградба на апликацијата кога истата ќе биде објавена?

    Надградбите на Адвокато се автоматски и нема потреба од ваша активност за надградба на апликацијата.
  • Има информација за надградба, а јас не можам да ја најдам во апликацијата?

    Заради тоа што апликација е веб базирана и заради користењето на различни пребарувачи (Mozilla, Chrome , Safari , Opera) понекогаш кога ќе има надградби можеби ќе биде потребно да се освежи страницата со притискање на Ctrl + F5.
  • Што доколку се решам да не ја користам апликацијата ?

    Доколку не сакате повеќе да ја користите апликацијата во договор со нашите оператори ќе има можност профилот да се стави како неактивен и сите податоци да си стојат на профилот или целосно да се избришат профиот и податоците и во договор да се предадат по електронски пат.




Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме