Адвокатска тарифа

Врз основа на член 15 од Законот за адвокатура (Службен весник на РМ бр. 80/92) и член 25 од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија, на 40-то Годишно собрание одржано на 27.03.1993 година, Адвокатската комора на Република Македонија  ја донесе, а Управниот одбор на АКРМ врз основа на член 34 став 2 точка 5 од Законот за адвокатура (Службен весник на РМ бр. 59/02) и член 23 став 1 алинеја 1 од Статутот на АКРМ, со своја Одлука на седница одржана на ден 31 јануари 2017 година го утврди пречистениот текст на 

                                           

 

 

ТАРИФА
ЗА НАГРАДА И НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИТЕ ЗА РАБОТА НА АДВОКАТИТЕ
 
 
ОПШТИ ОДРЕДБИ
 

Член 1

 

Со оваа Тарифа се одредува висината на наградата и трошоците на дадената правна помош.

Адвокатот и странката можат слободно да ја договорат наградата и трошоците како и начинот и средствата за плаќање, но не пониско од предвидените со Тарифата.

 

Член 2

 

Плаќањето на наградата и трошоците се врши во пари, а се пресметува во денари.

 

Член 3

 

Во предметите во кои една од странките е странско физичко или правно лице, во предметите во кои има прилози на странски јазик, или се контактира на странски јазик, наградата е двојно поголема.

 

Член 4

 

Ако во текот на постапката се изменила Тарифата еднаш или повеќе пати, ќе се примени Тарифата што е во сила на денот на пресудувањето односно на одлучувањето. Од тој ден па до денот на исплатата на износот на адвокатската награда и трошоците се пресметува законска казнена камата.

Неисплатената награда и трошоци странката секогаш ги плаќа на адвокатот по Тарифата што е во сила на денот на плаќањето.

Напомена:

Со Решение на Уставниот суд на РМ, У.бр. 115/93 од 15.09.1993 година, не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 4.

 

 

Член 5

 

За дел од наградата и трошоците, странката може да му даде аконтација на адвокатот.

Ако странката го откаже полномошното на адвокатот, должна е да му исплати за едно дејствие што требало да се преземе.

 

Член 6

 

На странката, која по законот може да биде ослободена од плаќање на трошоци на постапката (сиромашно право), адвокатот е должен да и даде бесплатна правна помош.

 

НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ
 
Член 7
 

За извршување на правна помош, странката е должна на адвокатот да му ги надомести и трошоците :

  1. За превоз, до висина на трошоците на патниот билет за превозното средство што го користел адвокатот, а за употреба на сопствено возило ќе му надомести по 30% од цената на најскапиот бензин за секој изминат километар.
  2. За ноќевање, до висина на трошоците за ноќевање.
  3. На име дневница ќе му се исплати вообичаена дневница или по договор.
  4. За отсуство од канцеларија , ќе му бидат надоместени трошоци за секој започнат час 20% од наградата за дејствието за кое патува, но не повеќе од 7 часа за еден ден.

 

НАГРАДА ЗА ДАДЕНА ПРАВНА ПОМОШ

 

Член 8

 I. Награда за пишување на писмени состави ( поднесоци)

 

  1. За пишување на поднесоци со кои се поведува постапка, образложени поднесоци, приговори, одговори и изјави на последна волја, предлог за извршување, наградата се определува според висината на барањето во поднесокот или според пропишаната дисциплинска или друга мерка и според пропишаната казна.
  2. За поднесоци со барање:
  • до 10.000,00 денари изнесува ....................................................... 1000,00 денари.
  • од 10.001,00 до 50.000,00 денари наградата изнесува ............... 3.000,00 денари.
  • од 50.001,00 денари до 100.000,00 денари наградата изнесува ........................................................................................................... 4.000,00 денари.
  • од 100.001,00 денари до 300.000,00 денари или пропишана дисциплинска мерка, парична казна или затвор до 1 година, наградата изнесува .................. ........................................................................................................... 5.000,00 денари.
  • од 300.001,00 денари до 600.000,00 денари или казна затвор до три години наградата изнесува ......................................................................... 6.000,00 денари.
  • од 600.001,00 денари до 1.000.000,00 денари или казна затвор до пет години наградата изнесува ......................................................................... 7.000,00 денари.
  • од 1.000.001,00 денари до 2.500.000,00 денари или казна затвор до десет години наградата изнесува ............................................................ 9.000,00 денари.
  • од 2.500.001,00 денари до 5.000.000,00 денари или казна затвор до петнаест години, како и во полициска постапка наградата изнесува .................. ......................................................................................................... 12.000,00 денари.
  • Над 5.000.001 денари, казна затвор над петнаесет години или доживотен затвор наградата изнесува ........................................................... 18.000,00 денари.
  1. За состав на преддоговори и договори, наградата се определува согласно вредноста:

Вредност од денари

Вредност до денари

Награда за состав на договор

 

до 3.000.000,00

3.900,00

3.000.001,00

5.000.000,00

5.000,00

5.000.001,00

9.000.000,00

6.000,00

9.000.001,00

20.000.000,00

10.000,00

20.000.001,00

60.000.000,00

15.000,00

60.000.001,00

 

30.000,00

 

Кај состав на договори и преддоговори не се применува став V, точка 1 на членот 8.

 

  1. Награда за предлог за издавање на нотарски платен налог, како и приговор против нотарски платен налог, во предлозите со вредност над 10.001,00 денари, изнесува 70% од предвидената во точка 2.
  2. За поднесоците со кои се поведува постапка пред Уставен суд, за статусни и станбени спорови, спорови и постапки за заштита на авторски права, патенти и лиценци, индустриска сопственост, наградата изнесува колку максималната во точка 2.
  3. За застапување и одбрана пред судовите, јавно обвинителство, нотари, извршители, центри за социјална работа, работодавецот, полициските, инспекциските и други органи, како и преземање на дејствија од точка 2 на овој став кои се одвиваат во повеќе денови, без оглед дали се одржани, продолжени или одложени, како и за рочиштето за објавување на Одлука, секој започнат ден се смета за ново застапување, односно нова одбрана.

Во оставинска постапка пред нотар каде со закон е предвидено задолжително учество на адвокат, наградата и трошоците за соодветното правно дејствие за адвокатите кои учествуваат во тоа правно дејствие без оглед на нивниот број изнесува 50% од наградата и трошоците на нотарот.

  1. За работни спорови и вонпарничните постапки, наградата изнесува 7.000,00 денари.
  2. Во постапка за развод на брак и други спорови од семејни односи, наградата изнесува 7.000,00 денари.
  3. За состав и пишување на нормативни акти, наградата се договара со писмен договор.
  4. Во поднесоците во кои покрај главното барање се предлага времена мерка или предлог за обезбедување докази, наградата се зголемува за 20%.
  5. Во поднесоците во кои има тужба и противтужба, наградата се определува според збирот на двете барања.
  6. Во поднесокот во кој има повеќе учесници, наградата се зголемува по 50% за секое наредно лице, а за секое наредно лице од спротивната страна по 25%, но не повеќе од пет пати од предвидената награда од член 8 од Тарифата.
  7. За необразложени поднесоци, изјави, молби, полномошна со кои трети лица пренесуваат овластувања, освен полномошна со кои е овластен адвокатот за застапување и преземање на дејствија во име на властодавецот во сите постапки, наградата е како најниската награда од точка еден.
  8. За поднесоците во кои се бранети повеќе лица, наградата од точка осум се зголемува по 50% за секое наредно лице, а ако има сообвинети за секое наредно лице по 25%, но не повеќе од пет пати од предвидената награда од член 8 од Тарифата.
  9. За изготвување на правни мислења, анализи и учество на состаноци со правна тематика, наградата изнесува 9.000,00 по час.
  10. За состав на апликација пред ЕСЧП, наградата изнесува 60.000,00 денари, а за секој нареден поднесок за комуникација со судот наградата изнесува 15.000,00 денари.
  11. Во постапка пред меѓународна арбитража и меѓународни судови, во спорови со вредност до 5.000.000,00 евра, наградата изнесува 20.000,00 денари за секој започнат час.

Во спорови од 5.000.001,00 евра до 10.000.000,00 евра, наградата изнесува 30.000,00 денари за  секој започнат час.

Над 10.000.001,00 евра наградата изнесува 40.000,00 денари за секој започнат час, а во меѓународни кривични судови наградата изнесува 40.000,00 денари за секој започнат час.

  1. За изготвување на акти за постапки пред Централен регистар на РМ:
  • Промена на е-маил адреса, пријава на работно време и објава на ликвидација, наградата изнесува 1000,00 денари.
  • За статусна промена наградата изнесува 3.000,00 денари. Ако истовремено се прават повеќе статусни промени, наградата се зголемува 50% за секоја наредна промена.
  • За основање на трговски друштва и други правни лица, наградата изнесува 9.000,00 денари.

 

 II. Награда за одбрана и застапување

 

  1. За застапување и одбрана, наградата е како за состав на соодветниот поднесок и саатнина од 20% за секој започнат час.
  2. За одбрана на клиент во претходна судска постапка, посета на клиент лишен од слобода, за присуство на вештачења, за увид на лице место и слични дејствија, наградата изнесува како под точка еден од Тарифата.
  3. За застапувања и одбрана како и превземање на дејствија од точка 2 на овој став кои се одвиваат во повеќе денови, без оглед дали се одржани, продолжени или одложени, секој започнат нов ден се смета за ново застапување, односно нова одбрана.

     

 IV. Награда за состав на правен лек

 

За состав на редовен и вонреден правен лек и одговор на редовен и вонреден правен лек, наградата е 50% поголема од наградата за застапување или одбрана, а ако адвокатот не учествува на расправа или претрес, наградата е 100% зголемена.

 

 VНаграда за правни совети

 

  1. За усмен правен совет, наградата изнесува 20% од соодветната награда за писмен состав и саатнина од 20% за секој започнат час.
  2. За писмени совети наградата изнесува 50% од соодветната награда за писмен состав и саатнина од 20% за секој започнат час.

 
Заеднички одредби

 

  1. Наградата предвидена по одредбите на оваа Тарифа се зголемува за 30% на име паушал за сите споредни дејствија што се тарифирани.
  2. За утврдување на правосилност и извршност наградата изнесува 10% од предвидената за соодветното дејствие по оваа Тарифа.
  3. Сите дејствија предвидени со оваа Тарифа се тарифираат според најсродното дејствие од оваа тарифа.
  4. Наградата предвидена со оваа Тарифа за сите дејствија што ги превземаат адвокатите, обврзници на ДДВ, се пресметува и наплаќа зголемена за износот на ДДВ.
  5. Статусот на ДДВ обврзник, адвокатот го докажува со соодветен документ издаден од надлежен орган.

 

 

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

 

Член 9

 

Толкување и тековно усогласување на оваа Тарифа со порастот на трошоците за живот врши Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија.

 

Член 10

 

Пречистениот текст на Тарифата за награда и надомест на трошоците за работа на адвокатите ги опфаќа: Тарифата за награда и надомест на трошоците за работа на адвокатите (Службен весник на РМ бр.126 од 08.07.2016 година) и Одлука за измена и дополнување на Тарифата за награда и надомест на трошоците за работа на адвокатите (Службен весник на РМ бр.11 од 02.02.2017 година), во кои е означено времето на нивното влегување во сила.

 

 

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Претседател
Никола Додевски, адвокат

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме