Во рамки на соработката на АКРМ со Советот на Европа во Охрид одржана обука „Ограничување на слободата на изразување: граница помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза со примери од практиката EСЧП“

23 Април 2018
На 19 и 20 април во Охрид, во рамки на соработката на Адвокатска комора на  Република Македонија со Советот на Европа под проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX) се одржа обука на тема: „Ограничување на слободата на изразување: граница помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза со примери од практиката EСЧП“.


Обуката со поздравен збор ја отвори претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Никола Додевски, кој го истакна значењето на соработката на Адвокатската комора на РМ со Советот на Европа. Придобивките од овој проект, како што истакна претседателот Додевски, ќе бидат долгорочни не само за адвокатите кои ќе бидат обучени, туку и за Адвокатската комора како професионална организација во однос на зајакнување и проширување на капацитетите за продолжување на правното образование на адвокатите. 

Предавачи на обуката беа г-ѓа Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и г. Марко Андонов, професор и декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Во рамки на обуката учесниците, адвокати од повеќе градови од  Македонија, преку спроведување на практични вежби се здобија со знаења како да ги спроведуваат стандардите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пред националните судови во однос на членот 10 од Европската конвеција за човекови права, но и пред самиот ЕСЧП. 
 
Проектот се спроведува со финасиска поддршка на Советот на Европа.

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме