ОБУКА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА ОДРЖАНА ВО КУМАНОВО

31 Август 2017
На  31.08.2017 во организација на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), со финансиска поддршка на Амбасадата на САД, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) во Куманово се одржа обука на тема „Практични искуства од досегашната имплементација на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“.


На обуката на кој учество земаа адвокати од Адвокатската заедници Куманово,  адвокатите Синиша Станковиќ од Куманово и Фатмир Муса од Скопје во улога на фацилитатори говореа за нормативните аспекти на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната, но воедно го елаборираа и прашањето за примената на овој закон низ практиката на адвокатите и правосудството. 


Во рамки на обуките беа спроведени и симулации на случај, по што низ дискусија беа акцентирани проблемите со кои адвокатите се соочуваат во реалноста при практичната примена на Законот. Ставот на адвокатите е дека со Законот се губи индивидуализацијата на казната и слободното судиско убедување, дека е неоспорна е неговата контрадикторност и неусогласеност со темелните вредности на Уставот и тие побараа итно укинување на истиот.

Обуките се спроведоа во рамки проектот на Адвокатската комора на Република Македонија  „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ финансиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.
 
 

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме