-->

ОНЛАЈН КУРС ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛУЧАИ НА ДОМАШНО НАСИЛСТВО ВО СИСТЕМОТ НА БЕСПЛАТНАТА ПРАВНА ПОМОШ

Адвокатската комора на Р.С.Македонија во соработка со Советот на Европа објавува повик за пријава на адвокати за курсот „Постапување во случаи на домашно насилство во системот на Бесплатната правна помош„.

Овој курс е изработен во рамките на проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија„ кој е дел од програмата ‘’Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа.

Со оглед на ситуацијата со вирусот Covid – 19, курсот ќе се одвива онлајн, преку веб-платформа за е-учење.

Материјалите за курсот се изготвени од интернационални и национални експерти на Советот на Европа, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.

Курсот е структуиран во 7 модули од кои 6 модули се посветени на правната содржина поврзана со домашното насилство во системот на бесплатната правна помош, а седмиот модул се однесува на Завршниот тест.

Предвидено времетраење на курсот е 7 недели во чиј тек покрај предвидените материјали за читање задолжителни ќе бидат и 4 работни сесии. Овие сесии во зависност од мерките кои владата ќе ги донесе во врска со Covid – 19 за сега се предвидени да се одвиваат онлајн. Меѓутоа доколку се променат околностите сесиите ќе се одвиваат во живо.

Насоките за започнување на курсот ќе бидат навремено доставени до сите учесници со детални онлајн инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на курсот, како и структурата на истиот дополнети со начинот на регистрација и навигација низ онлајн платформата.

Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на истиот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен курс.

Курсот е планиран да започне во месец Октомври 2021 година. Адвокатите кои ќе бидат избрани дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на онлајн платформата, како и за точниот датум на започнување на обуката.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 20.09.2021 и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . 

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме