-->

ОНЛАЈН ОБУКА ЗА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО СОРАБОТКА СО СОВЕТ НА ЕВРОПА

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“„ кој е дел од програмата ‘’Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа.

Овој пат, соработката продолжува со организација на дводневна онлајн обука  за адвокати од областа на слободата на изразување која ќе се одржи на 18-19 февруари, 2021 година (четврток и петок).

Обуката со поздравен збор ќе ја отвори г-дин Љубомир Михајловски, претседател на АКРСМ,  и г-ѓа Александра Богдановска, виш проект-офицер, Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Предавачи на обуката ќе бидат г-ѓа Флутура Кушари, интернационален експерт на Советот на Европа, г-ѓа Ана Дангова Хуг, адвокат и сертифициран тренер и г-дин Лазар Сандев, адвокат и сертифициран тренер.

Материјалите за обуката се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Посебен акцент на оваа обука ќе се стави на говорот на омраза и клеветата. 

Обуката е отворена за сите заинтересирани адвокати, а рокот за регистрација е до 15 февруари, 2021 година на имеил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за агендата  и процесот на регистрација на ZOOM платформата.

Со надеж дека светската криза што поскоро ќе се надмине, Адвокатската комора на РСМ во меѓувреме вложува напори во најголема можна мера да се задржи нормалното функционирање, вклучително и во насока на обезбедување можности за соодветна едукација за адвокатите.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме