-->

ОНЛАЈН ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛУЧАИ НА ДОМАШНО НАСИЛСТВО ВО СИСТЕМОТ НА БЕСПЛАТНАТА ПРАВНА ПОМОШ

Адвокатската комора на Република Северна Македонија и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје организираат Обука за Обучувачи „Постапување во случаи на домашно насилство во системот на бесплатната правна помош“.

Со оглед на новонастанатата ситуација со вирусот Covid – 19, обуката ќе се одржи онлајн. Насоките за започнување на обуката ќе бидат навремено доставени до сите учесници со детални онлајн инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на обуката, како и структурата на истата дополнети со начинот на регистрација и навигација низ онлајн платформата.

Обуката за обучувачи „Постапување во случаи на домашно насилство во системот на Бесплатната правна помош„ е изработена во рамките на проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија„ кој е дел од програмата ‘’Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа во соработка со Адвокатската комора на Р.С.Македонија.

Материјалите за обуката се изготвени од интернационални и национални експерти на Советот на Европа, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн обука, којшто е интерактивна и се состои од повеќе модули.

Оваа обука за обучувачи е отворена за сите заинтересирани адвокати. По завршување на истата, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршена обука.
  1. Критериуми за аплицирање:
  • Искуство во работа со ранливи групи
  • Учество на курсеви и обуки од областа на човековите права
  • Искуство во работа со владини и невладини организации (не е задолжително, но доколку апликантот поседува ќе се смета за предност.)
  • Течно да го зборува и пишува Англискиот јазик
  1. Потребни документи:
  • Детална биографија (CV) која ја покажува исполнетоста на критериумите за аплицирање (т.1);
  • Мотивационо писмо (не подолго од 2 страни) кое содржи образложение на кој начин апликантот ги исполнува условите за горенаведената материја со соодветни докази;
  • Листа со три контакти за препораки (треба да содржи, име и презиме на контактот, мобилен број и e-mail адреса)
Потребен број на адвокати: 24

Адвокатите кои ќе бидат избрани дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на онлајн платформата, како и за точниот датум на започнување на обуката.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 20 февруари 2021 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме