(ФОТО) Во Струга одржани Адвокатските спортски игри 2023

09 Октомври 2023
На 7 октомври 2023 година во Струга се одржаа Адвокатските спортски игри 2023.

Спортските игри кои се одржуваат еднаш годишно ја симболизираат сплотеноста на адвокатска фела, негувањето на солидарноста и почитувањето на фер играта.


Адвокатите од различни адвокатски заедници и апелациони подрачја се натпреваруваа во повеќе дисциплини, а на најуспешните екипи и поединци им беа врачени пехари од страна на претседателот на Адвокатската комора, адвокат Љубомир Михајловски.

Во дисциплината кошарка - жени, победи тимот кој го сочинуваа адвокатките: Златка Денковска од Скопје, Татјана Соколовска од Скопје, Елена Грижева од Скопје, Иванка Јакимовска од Скопје и Елена Митрејческа од Кичево. 

Помеѓу мажите во  дисциплината кошарка победи тимот од Струга кој го сочинуваа адвокатите: Ивица Затаракоски, Глигорие Ќатоски, Тоше Тодоровски, Дејан Јовчески и Дурим Даути.

Во дисциплината фудбал - мажи, првото место го освои тимот од Прилеп кој го сочинуваа адвокатите: Емил Гугучески, Златко Спиркоски, Бојан Василески, Блаже Стојаноски, Кирил Тодороски и  Кирил Топчиоски.

Во куглање најуспешен помеѓу жените беше тимот од Скопје, составен од адвокатките: Татјана Соколовска, Иванка Јакимовска, Златка Денковска и Сања Ѓорѓиева.

Помеѓу мажите, во дисциплината куглање најдобар беше тимот од Скопје составен од адвокатите: Васко Трајковски, Тони Сима, Кирил Ѓурев и Александар Бежоски. 

Во  дисциплината шах, првото место помеѓу жените го освои адвокатката Роза Михајловска од Скопје, а помеѓу мажите адвокатот Виктор Стојановски од Тетово. 

Во дициплината пинг понг, пак, првото место помеѓу жените го освои адвокатката Филомена Најдеска од Охрид, додека помеѓу мажите Ивица Ангеловски од Куманово.

Во дисциплината пикадо-жени победи Нина Балабан од Охрид, а од учесниците мажи, адвокатот Никола Источки од Ресен.

За најкорисен играч на игрите или MVP, беше прогласен адвокатот Ивица Затаракоски од Струга. 

Пехар за фер плеј играч му беше доделен на адвокатот Лирим Мустафи од Гостивар. За најспортист на игрите, пехар и беше доделен адвокатката Иванка Јакимовска од Скопје.

За најспортски дух, пехар им беше доделен на адвокатите: Ѓоко Гажоски, Симон Попевски, Александар Димитријевиќ, Калин Митрески, Александар Варела, Стојан Анѓелевски и Никола Јовановски.




Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме