Обука на тема: „Техники за справување со професионален burnout и стресот од адвокатската професија“

05 Октомври 2023

Mакедонското здружение на млади правници во рамките на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија организира циклус од четири специјализирани обуки на следниве теми: 

  1. Воспоставување комуникација и однос на доверба со жртви на насилство со посебен фокус на жени жртви; 
  2. Пристапи во комуникацијата со деца во ризик и деца жртви; 
  3. Техники за справување со професионален burnout и стресот од адвокатската професија; и
  4. Начела при комуникација со жртви на дискриминација по основ на сексуална ориентација и родов идентитет како странки

Обуките се бесплатни и се наменети за адвокати почетници како и за сите адвокати со помалку од 15 години работно искуство како адвокати, а кои ќе изразат интерес за учество на обуките. Обуките се еднодневни и се спроведуваат со физичко присуство.  

Првата обука „Воспоставување комуникација и однос на доверба со жртви на насилство со посебен фокус на жени жртви“ се одржа на 4 мај 2023  година со почеток  во Public Room во Скопје, а втората обука „ Пристапи во комуникација со деца во ризик и деца жртви“ се одржа на ден 12.06.2023 година.

Третата обука на тема Техники за справување со професионален burnout и стресот од адвокатската професија ќе се одржи на 01 ноември 2023 (среда) година со почеток од 12:00 часот во Public Room во Скопје. 

Сите заинтересирани адвокати можат да се пријават со пополнување на формулар најдоцна до 30.10.2023 година . 

Во прилог формуларот за пријава на учесници -  Формулар за пријава.

На номинираните учесници дополнително ќе им бидат испратена целосна агенда за настанот. 

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме