ДОНЕСЕН НОВИОТ ЗАКОН ЗА АДВОКАТУРА

26 Септември 2023
Собранието на Република Северна Македонија на седница одржана 19.09.2023 година го донесе новиот Закон за адвокатура. Законот е објавен во Службен весник на РСМ број 199 од 25.09.2023 година и истиот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник.

Co овој закон се уредува обезбедувањето правна помош од страна на адвокатурата на физички и правни лица во остварувањето и заштитата на нивните права и врз закон заснованите интереси во постапката пред судовите, државните органи, други правни лица, органите на единиците на локалната самоуправа, вршењето на адвокатската дејност, утврдени со овој и друг закон,  организацијата на адвокатурата, условите за вршење и престанок и мирување на адвокатска дејност и правата и обврските на адвокатите, како и осигурување на адвокатите од одговорност од штета. Воедно со новиот Закон е предвидено  формирање на Центар за едукација на АКРСМ и воведување на почетна и континуирана обука на адвокатите.

Адвокатурата е уставно загарантирана категорија и има неоспорно важна улога во секое демократско општество, но и централна улога во правосудниот систем, што е појдовна точка на Новиот закон за адвокатура. Основна цел на Законот е јакнење на адвокатската професија, на нејзината улога во правниот систем, зголемување и враќање на обемот на работа на адвокатите и јакнење на угледот на адвокатурата.

>> Законот преземете го од линкот подолу.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме