(ФОТО) Свечено доделување на лиценци за адвокати во декемвриска сесија 2022 година

25 Декември 2022
Дваесет и пет кандидати за адвокати се упишаа во Именикот на адвокати при Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) и се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во декемвриската сесија 2022 година.


Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придржуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.

Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, г. Љубомир Михајловски, на новите адвокати им упати порака да ја штитат адвокатурата и нејзината независност, да бидат чесни, лојални  на правдата и на Комората, како и да го сочуваат својот личен интегритет во борбата за успех.



Михајловски изрази надеж дека новите генерации адвокати ќе внесат нови погледи и напредок на адвокатурата

„Ќе има денови на среќа и успех, радувајте се на нив, делете ја среќата со вашите најблиски кои денес се со вас“, истакна претседателот на АКРСМ и им  посака успех во работата.


Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме