ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА АДВОКАТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ

13 Септември 2022

Адвокатската комора на РСМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатски спортски игри.

Овогодинешните адвокатски спортски игри ќе се одржат во периодот од 7-ми до 9-ти октомври 2022 година (петок-недела), во хотелот „Дрим“ во Струга. Спортскиот дел ќе се одржи во сабота, 8 октомври.

Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг понг, куглање, влечење јаже и сл., зависно од интересот за конкретна дисциплина.

Висината на котизацијата за учество на спортските игри изнесува 4.800 денари.

Остатокот од вкупната цена која содржи ноќевање и полн пансион, изнајмување на спортска сала, како и спортски маички го подмирува Адвокатската комора.

Сите заинтересирани учесници треба да се пријават на имеил адресата на Адвокатската Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  најдоцна до  1 октомври 2022 година. Пријавите по 1-ви октомври, ќе бидат разгледувани во согласност со расположливиот капацитет на хотелот.

Котизацијата се уплаќа на трансакциската сметка на Комората - 300 000 001 142 696, Комерцијална банка АД Скопје,  со цел на дознака „За спортски игри.“ Сместувањето е во двокреветни соби.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме