„Зборовите ’подоцна настапува’ се заменуваат со зборовите ’настапува подоцна’ “, „зборовите ‘ќе се приложат’ се заменуваат со зборовите ‘се приложуваат’“, „зборот ‘изворникот’ се заменува со ‘изворник’“, „зборовите ‘на самиот извод’ се заменуваат со зборовите ‘во самиот извод’“, „по зборот ‘30’ се додаваат зборовите’( триесет)’, „по зборот ‘читливо’ се додава и ‘јасно’“, „по зборот ‘освен’ се додаваат зборовите ‘во случај’“ , зборот ‘по’ се заменува со зборот ‘за’, „зборовите ‘да депонира свој потпис’ се заменуваат со зборовите ‘да го депонира својот потпис’, „зборовите ‘на кој е писменото напишано’ се заменуваат со зборовите на кој е ‘напишано писменото’, „зборовите ‘судски преведувач’ се заменуват со зборовите ‘судскиот преведувач’“, „зборовите ‘да се наведе’ се заменуват со зборовите ‘да биде наведено’, „зборот ‘бришано’ се заменува со зборовите ‘бришено’“, зборовите ‘таа се внесува’ се заменуваат со зборовите ‘таа ќе се внесе’“, „зборовите ‘има право на приговор’ се заменуваат со зборовите ‘има право да поднесе приговор’“, зборот ‘пономошник’ се заменува со зборот ‘полномошник’, „зборот ‘ако’ се заменува со ‘доколку’“, „зборот ‘изрично’, се заменува со зборот ‘изречно’“, „зборот ‘утврди’ се заменува со зборот ‘констатира’“… – Ваква е отприлика содржината на 90 отсто од илјада амандамани на Законот за нотаријат кои пратеникот Горан Милевски ги достави до Собранието на РМ.
Во согласност со Законот за пратениците функцијата пратеник се врши професионално и тој е претставник на граѓаните на Република Македонија. Лекторирање, пак, може да врши лице со положен испит за лектор. Преку некоструктивни и нефункционални амандмани единствено се кочи работата на Собранието, што, пак, е на штета на граѓаните.