Се известуваат адвокатите дека заклучно со 31 март се должни да си ја подмират обврската за плаќање членарина за 2016 година.
Обврската за плаќање на коморската членарина претставува статутарна одредба (член 83 став 1 од Статутот) и истата се плаќа еднаш годишно, однапред, од 1 март до 31 март во тековната година.
Во прилог на ова известување, со цел навремено да ја исполните Вашата обрска, Ви доставувамеуплатница за коморска членарина за 2016 година.
Доколку Ви се потребни повеќе податоци и информации за Вашите неплатени обрски на име коморска членарина обратете се до стручната служба на Адвокатска комора на РМ на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
НАПОМЕНА: При пополнување на уплатницата во делот повикување на број, задолжително да го наведете бројот на Вашата адвокатска лиценца.