ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА АДВОКАТУРА: Адвокатите се клучен чинител во битката за владеењето на правото!

Во присуство на голем број гости, меѓу кои високи претставници на правосудните институции во Македонија, претставници на дипломатскиот кор, како и претседатели и делегации на адвокатски комори од повеќе држави, во Скопје, хотелот Александар Палас, месецов беше одбележана 69-годишнината од постоењето на адвокатурата во Република Македонија. Во рамките на работниот дел од годишното Собрание на АКРМ, актуелниот претседател на Комората Никола Додевски со акламација беше реизбран да ја врши оваа должност и во мандатот кој следи.

„Авокатурата на Република Македонија 69 години го oди својот пат.  Никогаш не бил лесен. Напротив бил и е со многу угорнини кои сме ги минувале пеш. Сме се задишувале, но не сме го губеле здивот. Ниту ние сегашните генерации, ниту генерациите на адвокатите Шатев, Пирузе, Дрен не сме се вратиле кон полесниот дел, не сме тргнале по надолнина. Така македонските адвокати стигнале до денес кога се дел од Уставот на  Републиката, неприкосновена уставна категорија на самостојна, независна јавна служба која обезбедува правна помош.  Клучен чинител во битката за владеењето на правото“, се обрати претседателот на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), Никола Додевски на одбележувањето на Деновите на македонска адвокатура и 69 годишнината од постоењето на адвокатурата во Република Македонија.

Додевски порача дека Комората ќе се залага за воведување на новини и современи решенија заради ефикасно остварување на правата.

„Ќе се залагаме за менување на судската практика, Заштита на темелните права, Слобода со гаранција алтернативни мерки, алтернативни казни, Современи граѓански постапки, Елиминирање на решенија кои ја отежнуват работата на адвокатите, Да нема различни пресуди за иста работа… Звучи многу лесно, но не е така. Но рековме дека адвокатите ги совладуваат угорнините, не им се предаваат“, истакна тој.

На свеченоста присуствуваа голем број на гости, меѓу кои: Билјана Бришковска-Бошкоски – заменик Министер за правда, Александра Зафировска – претседател на Судски совет на РМ, Николчо Николовски, претседател на здружение на судии на РМ, Анета Арнаудовска – директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Владимир Панчевски, претседател на Основниот суд Скопје 1, Марко Зврлевски – Јавен Обвинител на РМ, Лидија Гаврилоска – директор на Управата за извршување на санкции, Ралф Брет, Амбасадор на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, Гудрун Елизабет Стеинакер – Амбасадор на Германија во Република Македонија, Резарта Шуц, раководител на Одделот за владеење на правото во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, Лесли Џоан Росенберг, програм менаџер на Американската адвокатска комора Иницијатива за владеење на правото во Македонија, Марија Слазак, заменик претседал на Советот на адвокатски комори и правни друштва на Европа (Council of bars and law societies of Europe – CCBE), како и многу други претставници на македонското правосудство, претставници на дипломатскиот кор, претседатели и делегации на адвокатски комори од повеќе држави, како Грција, Словенија, Словачка, Полска, Србија, Чешка, Турција, Бугарија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, како и претставници на Собранието на АКРМ.

„Деновите на македонската адвокатура ги сметам како исклучително значаен настан не само заради одбележувањето на јубилејот туку и како можност да се потенцира пред пошироката јавност важноста која ја имаат адвокатите во правниот систем на државата и во јакнењето на заштитата на правата на граѓаните“, рече заменик министерот за правда  Бришковска-Бошкоски.

Адвокатската комора на Македонија е основана на 16 јуни 1945 година по предлог на првиот министер за правосудство по ослободувањето на Македонија, д-р Павел Шатев.

Додевски едногласно реизбран за претседател на АКРМ

Во рамките на работниот дел од годишното Собрание на Адвокатската комора на Република Македонија, делегатите ги усвоија извештаите за работата на Управниот Одбор, Надзорниот Одбор, Дисциплинскиот Суд, Дисциплинскиот Обвинител,  Жалбениот Совет и беше разгледана  и завршната сметка за 2013 година со извештајот на независната ревизорска куќа.

Делегатите на Годишното Собрание на Адвокатска комора на Република Македонија со акламација го избраа за член на Управниот одбор и претседател во следниот мандат, актуелниот претседател Никола Додевски.  По спроведеното гласање беа избрани следните членови на органите на Адвокатската комора на Република Македонија:

 За членови на Управен одбор беа избрани:

НИКОЛА ДОДЕВСКИ, адвокат од Скопје

БОРО ТАСЕВСКИ, адвокат од Скопје

ВАСИЛИЕ СЕРДЈУК, адвокат од Скопје

ДЕЉО КАДИЕВ, адвокат од Скопје

РУЖИЦА НИКОЛОВСКА, адвокат од Скопје

ГОРДАНА МИТОВСКА, адвокат од Скопје

ЖИВКО АЈТОВ, адвокат од Кавадарци

ЖИКИЦА СТОИЛКОВИЌ, адвокат од Куманово

АЛЕКСАНДАР ТАНЧЕВСКИ, адвокат од Битола

МАРГА СОТИРОВСКА, адвокат од Битола

ЉУПЧО НАУМОВСКИ, адвокат од Охрид

ЕМИЛ ГУГУЧЕСКИ, адвокат од Прилеп

ДАРКО ЏОРЛЕВ, адвокат од Штип

НИКОЛА ПЕТРОВ, адвокат од Струмица

БЛАЖЕ ЗДРАВЕВ, адвокат од Радовиш

БЕСИМ РЕЏЕПИ, адвокат од Гостивар

МЕРЏАН  ДАУТИ, адвокат од Тетово

Членовите на Управниот одбор одржаа и конститутивна седница на која за претседател на Комората исто така со акламација беше избран Додевски. За заменици претседатели беа избрани гостиварскиот адвокат Бесим Реџепи и скопскиот адвокат Боро Тасевски.

 За членови на Надзорен одбор беа избрани:

ИБРАИМ БАЈРАМИ, адвокат од Тетово

САВЕТКА ДИМОВСКА, адвокат од Скопје

ФИЛИП ФИЛИПОВСКИ, адвокат од Гостивар

За заменици членови на Надзорен одбор беа избрани:

АТИНА ВЕЛИЧКОВСКА ЈОВАНОВСКА, адвокат од Крива Паланка

ДИМИТАР ПАНЧЕВСКИ, адвокат од Скопје

НЕНАД ТРИФУНОВСКИ, адвокат од Тетово

 За Дисциплински обвинител на АКРМ е избран Синиша Станковиќ, адвокат од Куманово.

За заменици на дисциплински обвинител на АКРМ беа избрани:

ИЛИЈАНА МАКАРОВСКА, адвокат од Скопје

КИРИЛ ГОЏИРОВ, адвокат од Струмица

РИСТЕ КАРКАЛАШЕВ, адвокат од Гевгелија

 За членови на Дисциплински суд на АКРМ беа избрани:

ПЕТАР ВАСИЛЕВ, адвокат од Скопје

ВАЛЕНТИНА ДИМОВСКА, адвокат од Скопје

АЛЕКСАНДАР СИМЈАНОВСКИ, адвокат од Тетово

За заменици членови на Дисциплински суд на АКРМ беа избрани:

РАТКО АЛЕКСИЕВСКИ, адвокат од Гостивар

ЈОВАН МИТРИНОВСКИ, адвокат од Скопје

ВЕСНА МИРЈАНОВСКА, адвокат од Скопје

 За членови на Жалбен совет на АКРМ беа избрани:

ВЛАДО ЏИЛВИЏИЕВ, адвокат од Скопје

РЕНАТА МИЛАДИНОВСКА, адвокат од Скопје

СЛАВИЦА МИТКОВСКА, адвокат од Скопје

ДАНИЕЛ ИВАНОСКИ, адвокат од Битола

ПАВЛИНА ЗЕФИЌ, адвокат од Скопје

За заменици членови на Жалбен совет на АКРМ беа избрани:

ТАТЈАНА СИЉАНОСКА, адвокат од Кичево

ЖАРКО БОШКОВСКИ, адвокат од Скопје

БИСЕРА МИТИЌ, адвокат од Скопје

НАДИЦА БАДЕВА, адвокат од Скопје

АРСИМ МЕХМЕТИ, адвокат од Тетово


Извор: Академик / Објавено: 18.06.2014

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме