Врз основа на членовите 30, 31 и 32 од Законот за адвокатура и чл. 26, 27, 28, 29, 30, 31, 33, став 1 алинеја 4 и членот 37 од Статутот на АКРСМ, Управниот Одбор на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 27.04.2023 година, донесе
Со цел да се заштити угледот на адвокатурата како професија, совесно да се врши адвокатската дејност, да се заштитат граѓаните од евентуални злоупотреби, да се оствари правна сигурност и владеење на правото, со овој Правилник се уредуваат дисциплинските повреди и одговорноста на адвокатите / адвокатските друштва, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници (член на АКРСМ), се уредува надлежноста на органите, постапувањето, повредите, дисциплинските мерки, извршувањето и евиденцијата на дисциплинските мерки.
2. ДИСЦИПЛИНСКИ ОРГАНИ
член 2
Дисциплински органи на АКРСМ се:
- Дисциплински обвинител
- Дисциплински суд
- Жалбен совет
член 3
Дисциплинскиот обвинител е самостоен и независен орган, кој поведува и застапува дисциплински обвиненија против член на АКРСМ.
Дисциплинскиот обвинител е овластен:
-да ги преземе сите потребни мерки насочени кон гонење и казнување на сторителите на дисциплински повреди, согласно со одредбите на овој Правилник, Кодексот за професионална етика на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници на АКРСМ, Статутот на АКРСМ и Законот за адвокатура;
-да води и запира дисциплинска постапка,
-да подига, застапува и повлекува дисциплинско обвинение;
-да поднесува правни лекови.
Дисциплинскиот обвинител има 3 (три) заменици.
Замениците на Дисциплинскиот обвинител самостојно постапуваат по поединечни предмети и се целосно независни во своето работење и ги имаат истите овластувања како и Дисциплинскиот обвинител.
член 5
Дисциплинскиот обвинител и неговите заменици постапуваат по поднесена пријава или по сопствена иницијатива врз основа на лични сознанија, ако постои основано сомнение дека е сторена дисциплинска повреда предвидена со овој Правилник.
Дисциплинскиот обвинител, или неговиот заменик, ги испитува наводите во пријавата или сознанијата, и за таа цел соработува со подносителот на пријавата, со правни и физички лица, со државни органи и институции, од кои бара податоци, списи или објаснувања.
Дисциплинскиот обвинител во фазата на прибирање докази е должен да ги прибере сите докази за конкретниот случај, како оние кои се на товар, така и оние кои се во прилог на осомничениот.
член 6
Дисциплинското обвинение содржи:
- податоци за лицето против кое е покренато обвинението;
- опис на сторената повреда;
- квалификација на повредата согласно со Правилникот за дисциплинска одговорност;
- докази врз основа на кои се заснова обвинението.
Дисциплинскиот суд е независен и самостоен орган кој одлучува во прв степен по дисциплинско обвинение поднесено од Дисциплинскиот обвинител против членови на АКРСМ за сторени дисциплински повреди.
член 8
Дисциплинскиот суд го сочинуваат 3 (три) члена од кои еден е претседател.
Со работата на Дисциплинскиот суд раководи претседателот на Дисциплинскиот суд.
Членовите на Дисциплинскиот суд имаат 3 (тројца) заменици кои постапуваат во случај на нивна спреченост.
Во случај на спреченост на претседателот на Дисциплинскиот суд, со работата на судот раководи заменик претседателот, кој ќе се определи со одлука на Дисциплинскиот суд.
член 9
Членот на Дисциплинскиот суд е должен грижливо да го проучи дисциплинското обвинение, непристрасно, законито и правично да постапува и да одлучува.
Жалбениот совет е самостоен и независен орган кој одлучува по жалби против одлуките на Дисциплинскиот суд.
член 11
Жалбениот совет го сочинуваат 5 (пет) члена од кои еден е претседател.
Со работата на Жалбениот совет раководи претседателот на Жалбениот совет.
Членовите на Жалбениот совет имаат 5 (пет) заменици кои постапуваат во случај на нивна спреченост.
Во случај на спреченост на претседателот на Жалбениот совет, со работата на Советот раководи заменик претседателот, кој ќе се определи со одлука на Жалбениот совет.
Претседателот на Жалбениот совет определува еден од членовите за известувач за секој поединечен предмет.
3. ДИСЦИПЛИНСКИ ПОВРЕДИ
член 12
Потешки дисциплински повреди на адвокатската должност и угледот на адвокатурата се:
1. Неизвршување или очигледно несовесно вршење на работите на давање правна помош и вршење јавни овластувања ако истите се сторени со:- правосилна осуда на член на АКРСМ за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци;
- давање правна помош или одбивање на давање правна помош во вршење јавни овластувања спротивно на законот. при што се загрозени интересите на клиентот по исклучива вина на членот на АКРСМ;
- давање правна помош во иста правна работа во предмети каде што претходно членот на АКРСМ постапувал во својство на судија, јавен обвинител, државен правобранител или државен служебник во вршење на службата;
- составување двострани правни дела во корист само на едната страна;
- давање правна помош на странка, а претходно во друг предмет бил полномошник на спротивната странка, за правен однос кој произлегува од истиот предмет на работа;
- давање правна помош во иста правна работа истовремено и за спротивната странка;
- соработување со лица кои вршат надриписарство и кои нелегално вршат правни работи;
- вршење друга јавна функција или дејност, спротивно на Законот за адвокатура и Кодексот за професионална етика, во исто време кога ја врши професијата адвокат, адвокатски стручен соработник и адвокатски приправник.
- немање заснован работен однос како адвокат или како адвокатски стручен соработник согласно со законот;
- непријавување промена на седиште на канцеларија на адвокат, односно адвокатско друштво, или непријавување промена на електронско сандаче;
- наплаќање и договарање пониска награда за застапување и давање правна помош спротивно на височината утврдена со Тарифата за награда и надоместок на трошоци за работа на адвокатите на АКРСМ;
- доколку против членот на АКРСМ се изречени повеќе од 3 дисциплински мерки;
- неплаќање трошоци за дисциплинска постапка.
2. Непостапување по овластување или непреземање дејствија што адвокатот е должен да ги презема за заштита на правата на странката ако е сторено со:
- непреземање дејства кои бил должен да ги преземе, како и постапување спротивно на овластувањето кое го добил од клиентот при што со непреземањето на истите е предизвикана штета на властодателот.
3. Повреда на должноста за чување тајна, ако е сторена со:
- оддавање тајна доверена од странката без нејзина согласност, освен во случај предвиден со законот;
- искористување податоци против странката која претходно му ги доверила на членот на АКРСМ или му ги сторила достапни.
4. Вршење дејност за време на објавен прекин на работата од страна на надлежен орган на Комората.
Не се смета за дисциплинска повреда одбивањето давање правна помош ако за тоа постојат оправдани причини, како што се: конфликт на интереси, ангажираност на адвокатот во други предмети поради кои не е во можност да даде соодветна правна помош, одбивање давање правна помош поради неисполнување на обврските од страна на клиентот кои се однесуваат на наплата на задолжителни трошоци во постапката и наградата на адвокатот, несоработување на клиентот со адвокатот и негово непочитување, други околности поради исклучива вина на клиентот.
член 13
Други дисциплински повреди се:
- ако со правосилна пресуда е утврдена граѓанска одговорност за навреда или клевета спрема членови на АКРСМ, судии, претставници на државни органи, поединци и други институции, во вршењето на адвокатската професија;
- по писмено барање не ги врати на странката списите кои му се доверени и покрај тоа што странката ги платила наградата и трошоците;
- непријавување во АКРСМ на лицата кои неовластено даваат правна помош;
- во своето работење постапување спротивно на одредбите од Законот за спречување перење пари и други приноси од казниви дела;
- непостапување по одлуките на органите на АКРСМ и непостапување по одредбите од Законот за адвокатура, Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија и Кодексот за професионалната етика на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници на АКРСМ;
- непридржување и неисполнување на обврската за стручно усовршување предвидена со Закон за адвокатура и другите акти на АКРСМ;
- неносење тога во постапувањето пред судот;
- рекламирање спротивно на Кодексот за професионална етика на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатски приправници, барање странки на недостоен начин, давање понуди преку агенти, посредници, по пат на огласи, преку печатот и средствата за јавно информирање или електронските средства за комуникација и дозволување таквите понуди да бидат внесени во огласи и рекламни материјали на други правни или физички лица.
- истакнување имиња и називи на клиентите кои ги застапувал и ги застапува на сопствена веб страница, друга професионална и социјална мрежа, или во друг рекламен материјал.
Не се смета за рекламирање спротивно на Кодексот за професионална етика на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници и овој Правилник објавувањето основни податоци за адвокатот: објавување на веб страницата или на други професионални и социјални мрежи: име, презиме, адреса, телефон, област од дејноста, без наведување на цената на услугите и без истакнување лични и професионални квалитети на адвокатот. Адвокатските стручни соработници и приправници одговараат за повредите од чл. 12 и 13 од овој Правилник, извршени при нивното оспособување за самостојно вршење адвокатска дејност или при вршење определени работи од адвокатската дејност доверени од адвокатот.
За повредите на работните обврски адвокатскиот стручен соработник и приправник одговараат пред органите на АКРСМ, по поднесена пријава, согласно на овој Правилник.
4. ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ
член 14
За повреда на адвокатската должност и угледот на адвокатурата, на член на АКРСМ може да му се изречат следните дисциплински мерки:
- јавна опомена;
- парична казна во височина до десеткратен износ на годишната членарина;
- привремено престанување на правото за вршење адвокатска дејност во траење до една година.
За повредите од членовите 12 и 13 од овој Правилник може да се изрече дисциплинска мерка јавна опомена или парична казна во височина до десеткратен износ на годишната членарина.
За повредите од членовите 12 и 13 став 1 алинеја 1, 3, 4, 5, 6 и 8 може да се изрече и дисциплинска мерка привремен престанок на адвокатската дејност до 1 година.
Паричната казна секогаш се одмерува во полн износ на годишната членарина.
Член 15
Решението со кое се изрекува дисциплинска мерка „привремен престанок на адвокатската дејност“, по неговата конечност се доставува до Комисијата за прием, упис и бришење од Имениците, и за издавање и одземање лиценца, заради нејзино извршување.
4.1. ПРИВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ НА АДВОКАТСКА ДЕЈНОСТ (СУСПЕНЗИЈА)
член 16
По поведувањето на дисциплинската постапка, на адвокатот може привремено да му се забрани вршење на адвокатската дејност.
Доколку за тоа постојат оправдани причини, мерката од ст.1 на овој член, по барање на Дисциплинскиот обвинител, може да се изрече и за времетраење на претходната постапка.
Привремената забрана за вршење адвокатска дејност со решение ја изрекува Дисциплинскиот суд по барање на Дисциплинскиот обвинител.
Привремената забрана за вршење на адвокатската дејност може да се изрече за времетраење до 30 дена. Привремената забрана за вршење на адвокатската дејност на адвокатот може да му се изрече во случај:
-да се оневозможи негово влијание врз сведоци ;
-да се оневозможи попречување во прибирањето на писмени докази;
-да се оневозможи влијание врз постапката;
-ако постои сомнение и услови дека ќе ја повтори дисциплинската повреда.
Привремена забрана на вршење адвокатска дејност, задолжително ќе му се изрече на адвокатот во случај на повреда на ставот 4 од член 12 на овој Правилник.
Привремената забрана за вршење на адвокатската дејност престанува и пред рокот од ставот 4 од овој член ако престанале да постојат причините за нејзино донесување, за што одлучува Дисциплинскиот суд.
Против решението за привремена забрана за вршење на адвокатската дејност може да се поднесе жалба до Жалбениот совет во рок од 8 дена од денот на приемот.
Жалбата не го одлага извршувањето на мерката привремен престанок на вршење адвокатска дејност (суспензија).
Жалбениот совет е должен да одлучи по жалбата во рок од 8 дена од денот на приемот на жалбата.
5. ЗАСТАРЕНОСТ
член 17
Против член на АКРСМ може да се поднесе пријава во рок од 60 (шеесет) дена од денот на дознавањето.
Дисциплинскиот обвинител е должен да поведе претходна постапка и да одлучи по неа во рок од 180 дена од денот на поднесувањето на пријавата во АКРСМ, односно од денот на дознавањето од страна на обвинителот, кога постапува согласно со членот 19, став 2 од овој Правилник.
Рокот од став 2 може да се продолжи најмногу уште за 60 дена со одлука на Дисциплинскиот суд.
Дисциплинската постапка не може да се поведе ако помине една година од денот кога е сторена дисциплинската повреда, освен за повредите предвидени во членот 12, став 1, точка 1, алинеја 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13 од овој Правилник.
Доколку дисциплинската повреда е сторена со кривично дело, дисциплинската постапка не може да се поведе по истекот на рокот од 1 година од правосилноста на пресудата на кривичниот суд.
член 18
Изречената дисциплинска мерка ќе се изврши откако одлуката со која е изречена ќе биде конечна.
ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
Дисциплинскиот обвинител или неговиот заменик веднаш по приемот на пријавата е должен да спроведе претходна постапка во која ќе ги испита наводите во истата и за таа цел соработува со подносителот на пријавата, правни и физички лица, државни органи и институции од кои бара податоци или појаснување.
Дисциплинскиот обвинител или неговиот заменик е должен да покрене постапка и врз основа на лични сознанија, информации од средствата за јавно информирање или сознанија добиени на друг начин за постоење основано сомнение за сторена дисциплинска повреда.
Дисциплинскиот обвинител или неговиот заменик во фаза на прибирање на доказите е должен да ги прибере сите докази за конкретниот случај кои се на товар на обвинетиот, како и оние кои се во прилог на обвинетиот.
Дисциплинскиот обвинител или неговиот заменик ќе ја отфрли пријавата:
- ако пријавата е анонимна;
- ако пријавата е некомплетна (не содржи податоци за пријавител, за пријавен, не е потпишана, не е разбирлива, и друго);
- ако повредата на која се повикува пријавителот не е предвидена како дисциплинска повреда според овој Правилник;
- поради застареност предвидена во член 17 од овој Правилник;
- ако по истата повреда претходно има донесена одлука;
член 20
Претходната постапка не може да трае подолго од 180 дена од денот на поднесувањето на пријавата во АКРСМ, односно од денот на дознавањето од страна на обвинителот, кога постапува согласно со членот 19, став 2 од овој Правилник.
Рокот од ставот 1 може да се продолжи по барање на Дисциплинскиот обвинител или негов заменик најмногу уште за 60 дена доколку за тоа постојат оправдани причини.
Одлука за продолжување на рокот донесува Дисциплинскиот суд.
член 21
По спроведената претходна постапка, Дисциплинскиот обвинител или неговиот заменик е должен:
- да поднесе дисциплинско обвинение, доколку утврди дека постои основано сомнение за сторена дисциплинска повреда;
- со решение да ја запре постапката, или
- со заклучок да ја отфрли пријавата.
Дисциплинското обвинение со сите докази се доставува до Дисциплинскиот суд.
член 23
Претседателот на Дисциплинскиот суд доставува примерок од дисциплинското обвинение со сите писмени докази до обвинетиот, со напомена дека обвинетиот може да даде одговор во рок од 8 дена од денот на приемот.
член 24
По истекот на рокот од чл. 23 претседателот на Дисциплинскиот суд закажува седница на Дисциплинскиот суд.
На закажаната седница со покана на судот се повикуваат: Дисицплинскиот обвинител, обвинетиот, сведоците и други лица кои се предложени да присуствуваат.
Поканата мора да содржи податоци за кого е упатена, во какво својство се повикува лицето: за кој ден, месец, година, часот на почеток на седницата на Дисциплинскиот суд и местото на одржување на седницата.
Поканата, дисциплинското обвинение, одлуките на судот и сета останата писмена документација се доставуваат по пошта со препорачана пратка на адреса на обвинетиот која тој ја има пријавено во АКРСМ, како свое седиште, или лично на рака преку стручна служба на АКРСМ.
Доколку писмената пратка се врати назад неврачена од која било причина, истата повторно се доставува со препорачана пратка на адресата на адвокатот или АКРСМ по електронски пат на имејл адреса пријавена во Комора, го извествува обвинетиот да дојде до седиштето на АКРСМ во рок од 8 дена за да ги прими лично на рака поканата, дисциплинското обвинение, одлуките на судот и сета останата писмена документација.
Доколку обвинетиот не ги прими поканата, дисциплинското обвинение, одлуките на судот и сета останата писмена документација во двата обида, доставата ќе се изврши преку огласна табла на Адвокатска комора на РСМ.
По истек на рокот од 8 дена од објавувањето на огласната табла на АКРСМ, се смета дека доставата е уредна.
член 25
Седниците на Дисциплинскиот суд се закажуваат и се одржуваат во просториите на АКРСМ.
член 26
Пред да отпочне седницата, претседателот утврдува дали се присутни сите повикани.
Седницата нема да се одржи ако не е уредно поканет Дисциплинскиот обвинител или обвинетиот.
Седницата ја отвора претседателот и му дава збор на Дисциплинскиот обвинител кој го изнесува дисциплинското обвинение.
Веднаш по изнесеното обвинение, му се дава збор на обвинетиот и се прашува дали сака да даде одбрана, или пак, ќе се брани со молчење.
Доколку обвинетиот не се брани со молчење, истиот ќе даде одговор на наводите во обвинението.
член 27
По дадената одбрана, се пристапува кон изведување на доказите.
Доказите се изведуваат по оној ред како се предложени, а по наоѓање на судот или по барање на странките во постапката, редот на изведување на доказите може да се промени.
Пред почетокот на седницата, сведоците се отстрануваат од просторијата каде што заседава Дисциплинскиот суд, и се повикуваат да бидат сослушани поединечно.
Пред да се сослуша, на сведокот му се земаат лични податоци и се опоменува дека е должен да ја говори вистината и само она што нему му е познато.
Исказот на сведокот е во слободна форма.
По завршување на исказот на сведокот, прв му поставува прашања оној кој го предложил, потоа другата странка и на крај Дисциплинскиот суд .
Писмените докази се изведуват со читање и увид во писменото.
член 28
Сè до завршувањето на доказната постапка, странките можат да предлагаат нови докази со назначување кои докази се предлагаат и на кои околности се однесуваат доказите.
Судот одлучува дали ќе го изведе предложениот доказ.
член 29
По изведувањето на сите докази, доказната постапка завршува и се пристапува кон завршни зборови.
Прв дава завршен збор Дисциплинскиот обвинител, а по него обвинетиот.
Во тек на постапката, Дисциплинскиот обвинител може да го повлече обвинението или да го измени.
член 30
По давањето завршен збор на обвинетиот, постапката се заклучува.
Дисциплинскиот суд носи:
- Решение со кое одлучува мериторно по поднесеното обвинение; и- Заклучок за прашања за кои одлучува во текот на постапката.
Дисциплинскиот суд одлуките ги донесува со мнозинство гласови од членовите.
За гласањето се води посебен записник кој го потпишуваат сите членови.
Членот кој гласал спротивно од одлуката има право на издвоено мислење, коешто го изготвува во писмена форма.
Дисциплинскиот суд може:
- да го огласи обвинетиот за виновен;
- да го ослободи обвинетиот од обвинение;
- да го отфрли обвинението; или
- да ја запре постапката доколку Дисциплинскиот обвинител го повлече обвинението.
Доколку Дисциплинскиот суд утврди дека настапиле услови на застареност за водење на дисциплинската постапка, со решение ќе ја запре постапката.
Решението со кое обвинетиот се огласува за виновен содржи опис на повредата, изречената дисциплинска мерка, образложение, трошоци на постапката и правна поука.
Дисциплинскиот суд со Решението ќе го задолжи обвинетиот да ги надомести трошоците на дисциплинската постапката, и тоа:
- За постапка пред Дисциплинскиот обвинителот со износ од 6.000,00 денари
- За секоја одржана седница на Дисциплинскиот суд со износ од 12.000,00 денари.
Во случај ако обвинетиот не поднесе жалба и решението стане конечно, обвинетиот е должен да ги плати трошоците утврдени со Решението во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението. По истекот на рокот од 15 дена, Решението станува извршно.
Дисциплинскиот суд во Решението со кое обвинетиот го огласил за виновен, ќе ги наведе и одредбите од членот 47 од овој Правилник.
Решението со кое обвинетиот се ослободува од одговорност содржи опис на делото, образложение и правна поука.
член 33
Доколку против Решението на Дисциплинскиот суд не е поднесена жалба, Решението станува конечно и извршно.
7. ПОСТАПКА ПО ЖАЛБА
член 34
Против одлуката на Дисциплинскиот суд, Дисциплинскиот обвинител и обвинетиот имаат право во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката да поднесат жалба до Жалбениот совет.
член 35
По приемот на жалбата, Жалбениот совет испитува дали е жалбата благовремена и дали е поднесена од овластен подносител.
член 36
Претседателот на Жалбениот совет определува член на Жалбениот совет за известител, кој го излага предметот пред Жалбениот совет.
член 37
Седниците на Жалбениот совет се одржуваат без присуство на Дисциплинскиот обвинител и обвинетиот.
Јавна седница на Жалбениот совет се одржува по барање на Дисциплинскиот обвинител и обвинетиот или по наоѓање на Жалбениот совет.
На јавната седница подносителот на жалбата ги објаснува наводите во жалбата, а другата страна има право да даде одговор на наводите.
Жалбениот совет може да не закаже јавна седница доколку Дисциплинскиот суд постапува за повреда по член 13 од овој Правилник.
член 38
Жалбениот совет одлуките ги носи со мнозинство гласови од членовите.
За гласањето се води посебен записник кој го потпишуваат сите членови.
Членот кој гласал спротивно од одлуката има право на издвоено мислење, коешто го изготвува во писмена форма.
член 39
Жалбениот совет може жалбата да ја усвои, одбие, отфрли, или да ја запре постапката.
Жалбениот совет ќе ја отфрли жалбата кога ќе утврди дека е поднесена неблаговремено или е поднесена од неовластено лице.
Жалбениот совет ќе ја одбие жалбата како неоснована кога ќе утврди дека наводите во жалбата се неосновани, а решението на Дисциплинскиот суд ќе го потврди.
Жалбениот совет може да ја запре постапката, доколку жалбата е повлечена или се настанати статусни промени кај обвинетиот.
Жалбениот совет ќе ја уважи жалбата и првостепената одлука ќе ја преиначи кога ќе утврди дека фактичката состојба е правилно утврдена, а погрешно е применето материјалното право или кога утврдил поинаква фактичка состојба.
Жалбениот совет ќе ја уважи жалбата, ќе ја укине одлуката на Дисциплинскиот суд и ќе го врати предметот на повторно одлучување пред Дисциплинскиот суд ако утврди суштествена повреда на постапката или ако фактичката состојба е погрешно утврдена.
Член 40
Доколку Жалбениот совет ја отфрли или одбие жалбата поднесена од обвинетиот, со Одлуката ќе го задолжи обвинетиот и за трошоците на целокупната дисциплинска постапка, притоа:
- За секоја одржана седница на Жалбениот совет износ во висина од 18.000,00 денари, како и за трошоците на постапката утврдени со решението на Дисциплинскиот суд.
Жалбениот совет во одлуката со која го огласил или потврдил обвинетиот за виновен, ќе ги наведе и одредбите од член 47 од овој Правилник.
Обвинетиот е должен да ги плати трошоците на постапката во рок од 15 дена од приемот на одлуката на Жалбениот совет.
член 41
Одлуката на Жалбениот совет е конечна и извршна.
Против конечната одлука на Жалбениот совет може да се поведе управен спор.
Поведувањето управен спор не го одлага извршувањето на конечната одлука.
8. ЗАПИСНИЦИ
член 42
Дисциплинскиот суд и Жалбениот совет за седниците водат записник.
Записникот го води записничар кој се назначува за секоја седница посебно.
член 43
По завршувањето на седницата, записникот го потпишуваат Дисциплинскиот обвинител, обвинетиот, претседателот на Дисциплинскиот суд односно на Жалбениот совет и записничарот.
Записникот во изворник се чува во предметот.
9. ВОНРЕДЕН ПРАВЕН ЛЕК
9.1 ПОВТОРУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
член 44
По барање на обвинетиот, постапката која е конечно завршена ќе се повтори ако се изнесат нови факти или ако се поднесат нови докази што самите за себе или во врска со поранешните докази се подобни да биде донесена поинаква одлука. Подносителот на барањето за повторување на постапката е должен да докаже дека немал можност да ги изнесе и да ги употреби новите докази или факти во редовната постапка.
По барањето за повторување на постапката одлучува Дисциплинскиот суд.
При повторувањето на постапката се применуваат одредбите од овој Правилник.
Повторување на постапката може да се побара во рок од 30 дена од денот кога подносителот на барањето за повторување на постапката се стекнал со нови докази или дознал за нови факти.
Повторување на постапката не може да се бара по истекот на рокот од 1 година од конечноста на одлуката.
10. ЕВИДЕНЦИЈА И ИЗВРШУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКИТЕ МЕРКИ
член 45
Дисциплинскиот обвинител, Дисциплинскиот суд и Жалбениот совет се должни да водат евиденција за предметите по кои постапуваат.
Податоците за примени барања и поведени дисциплински обвининија од страна на Дисциплинскиот обвинител и податоците за примени предмети и постапувањето со нив од страна на Дисциплинскиот суд и Жалбениот совет се внесуваат во Уписник на дисциплински предмети.
Уписникот содржи: реден број, обвинител, датум на прием на пријава, податоци за подносителот, податоци за пријавениот, податоци за поведено дисциплинско обвинение, датум на дисциплинско обвинение, ДС.бр. , одлука од Дисциплински суд, датум на одлука, ЖС.бр. , датум на жалба, подносител на жалба, одлука по жалба, датум на одлука, и податоци за управни постапки.
член 46
Одлуката за изречена мерка привремено престанување на правото за вршење адвокатска дејност ја извршува Комисијата за прием, упис и бришење од имениците и издавање и одземање на лиценцата.
Примерок од конечната одлуката за изречена дисциплинска мерка се приклучува кон досието на адвокатот, адвокатскиот стручен соработник и адвокатски приправник.
член 47
Паричната казна и трошоците на постапката се извршуваат со уплата на сметката на АКРСМ во рок од 15 дена од денот на приемот на конечната одлука.
Доколку членот на АКРСМ кој е огласен за виновен не ги плати паричната казна и/или трошоците на постапката во рокот определен во одлуката, истата ќе се изврши на начин што износот на паричната казна и/или трошоците на постапката во височина од една годишна членарина ќе се заменат со одземање на лиценцата во траење од три месеца, но не подолго од 1 година.
Во одлуката за изречената парична казна и/или трошоците на постапката на Дисциплинскиот суд и Жалбениот совет се внесува и одлуката за начинот на извршување на паричната казна и/или трошоците на постапката со одземање на лиценцата доколку не ја плати паричната казна и/или трошоците на постапката во определениот рок.
Мерката привремено престанување на правото на вршење адвокатска дејност се извршува со времен престанок на важноста на лиценцата, за времето за кое е изречена мерката.
член 48
Изречената дисциплинска мерка привремен престанок на правото за вршење адвокатска дејност се објавува во Службен весник на РСМ. Примерок од решението за изречена мерка привремен престанок на правото за вршење адвокатска дејност се доставува до Врховниот суд на РСМ и до Централниот регистар на РСМ.
Средствата добиени од изречените парични казни и трошоците на постапката се користат за покривање на трошоците на дисциплинските постапки и за работењето на АКРСМ.
11. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 50
Со денот на влегување во сила на овој Правилник престанува да важи Правилникот за дисциплинска одговорност од 14.10.2006 година, и измените и дополнувањата од 25.12.2008 година, 18.09.2010 година, 23.02.2011 година, 24.06.2011 година и 10.09.2018 година.
член 51
Сите постапки кои се почнати до денот на влегување во сила на овој Правилник, ќе се довршат според Правилникот за дисциплинска одговорност од 14.10.2006 година, и измените и дополнувањата од 25.12.2008 година, 18.09.2010 година, 23.02.2011 година, 24.06.2011 година и 10.09.2018 година.
член 51
Овој Правилник влегува во сила со денот на неговото донесување од Управниот одбор на АКРСМ.