Кои се условите за да можам да ја користам апликацијата?
Апликацијата Адвокато (advokato.mk) е направена во координација со Адвокатската комора на Република Македонија и можност за користење на апликацијата имаат сите адвокати кои ја имаат платено членарината за тековната година.Дали Адвокато е бесплатна апликација?
Бесплатно користење за сите членови на Адвокатска Комора на Р.М до крајот на 2016 година .Би сакал да почнам со користење на апликацијата како да се ригистрирам?
Регистрацијата на апликацијата е едноставна. За регистрирање на нов профил ви се потребни емаил и бројот на мобилен телефон (за испраќање на сигурносен код). На формата за регистрација имате корисничко упатство за помош при регистрацијата.Колку се безбедни моите податоци?
Складирањето на сите податоци и документи се врши на сервери со сертификат ISO 27000, со автоматско правење на бекап на повеќе различни локации.Што при првата најава на апликацијата ?
При првото најавување на Адвокато потребно е да се конфигурираат основните податоци за адвокатската канцеларија, за носителот (администраторот на апликацијата), да се персонализираат основните податоци за работењето на апликацијата и да се внесат сите вработени кои работат во канцеларијата.Колку вработени може да се внесат за една канцеларија?
Бројот на вработени по канцеларија не е ограничен.Како пристапуваат вработените во Адвокато?
Вработени пристапуваат со нивните податоци, поточно со емаилот и лозинката кои ќе ги внесе администраторот.Дали може да се ограничи пристапот на одреден вработен?
Да. Адвокато има двојна контрола на привилегиите кои ги имаат вработените. Првата е при внесувањето на нов вработен се одредува кои менија може да ги гледа вработениот и по избор може да му се забрани пристап или доколку има пристап дали може да менува и да внесува податоци во тие менија. Втората контрола е при внесувањето на самите предмети и документи има можност баш тој предмет или документ да биде недостапен за вработениот.Зошто не можам да ги гледам предметите или документите внесени од други вработени?
Треба да се види дали вработениот ви овозможил пристап до тој документ или судски предмет.Кои типови на документи можам да ги прикачам во апликацијата и колкава е максималната големина по документ?
Нема ограничување на типот на документите, а во прв момент нема ограничување ни по големината на документите кои можат да се прикачат.Како можам да извршам надградба на апликацијата кога истата ќе биде објавена?
Надградбите на Адвокато се автоматски и нема потреба од ваша активност за надградба на апликацијата.Има информација за надградба, а јас не можам да ја најдам во апликацијата?
Заради тоа што апликација е веб базирана и заради користењето на различни пребарувачи (Mozilla, Chrome , Safari , Opera) понекогаш кога ќе има надградби можеби ќе биде потребно да се освежи страницата со притискање на Ctrl + F5.Што доколку се решам да не ја користам апликацијата ?
Доколку не сакате повеќе да ја користите апликацијата во договор со нашите оператори ќе има можност профилот да се стави како неактивен и сите податоци да си стојат на профилот или целосно да се избришат профиот и податоците и во договор да се предадат по електронски пат.
-->