Адвокатската комора и Академијата за судии и обвинители потпишаа Меморандум за соработка

Пo повод 68 години од македонската адвокатура, претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија Никола Додевски и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска потпишаа Меморандум за соработка.

Со Меморандумот, што беше потпишан викендов во Скопје, ќе се продлабочи меѓусебната соработка во постојаното стручно усовршување на судиите, јавните обвинители и адвокатите, преку заедничко координирано дејствување во остварувањето на овие заеднички цели.

Целта на Меморандумот е да се дефинира полето и обемот на соработка помеѓу страните потписнички, во рамки на своите овластувања, заеднички настап пред јавноста, но пред потенцијални донатори и заедничко учество на проекти, а во однос на промоција и афирмација и стручно усовршување на судиите, јавните обвинители и адвокатите во Република Македонија.

Извор: Академик / Објавено: 20.05.2013

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме