-->

Пријавете се на обука за Законот за кривичната постапка што ќе се одржи во Маврово

Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), во рамките на заедничкиот проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ организира дводневна практична обука за новиот Закон за кривичната постапка.

Обуката ќе се одржи на 31.05-1.06.2017 (среда и  четврток) во Маврово, х. „Радика“ , и е наменета за адвокати од адвокатските заедници: Тетово, Гостивар и Кичево. Посебен акцент на обуката ќе биде ставен на практичниот дел во рамки на кој е предвидена симулација на главна расправа согласно Законот за кривичната постапка. 

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Напоменуваме дека Адвокатската комора на РМ не обезбедува спиење. 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме