×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: media/k2/galleries/204

Адвокатската комора на РМ и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите започнуваат проект за обука на адвокатите за новиот ЗКП и за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната

16 Септември 2016

Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), започнува со имплементација на едногодишен проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“.

Бранителите  играат клучна улога во воспоставувањето на современ и одговорен систем на кривична правда. Една од најважните реформи на правосудниот систем во Република Македонија беше имплементацијата на адверсијалниот систем, унапредување на владеење на правото и на почитување на човековите права. Токму затоа, целта на проектот е развивање на вештините на адвокатите во однос на клучните карактеристики на Законот за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната. Постигнувањето на оваа цел ќе биде возможно единствено преку континуирана едукација на адвокатите на одбраната и лоцирање на области кои се сметаат за слабост на овие нови закони.

Во рамки на проектот ќе бидат реализирани повеќе обуки и тркалезни маси со посебен акцент на учење на практичните вештини кои ќе се спроведуваат од страна на домашни и странски експерти

Обуките ќе бидат отворени и бесплатни за сите заинтересирани адвокати. Предвидено е на една обука да земат учество ограничен број на адвокати, со цел на секој учесник да му се даде можност да ја вежба секоја вештина посебно.

 Првата обука, која се однесува на Законот за кривична постапка (ЗКП), е предвидено да се одржи на 23 септември 2016 година во хотелот „Александар Палас“, во Скопје.

 Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество на горенаведената обука, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 20 септември. 

Галерија

{gallery}204{/gallery}

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме