Адвокатската комора на Република Северна Македонија се приклучува на велосипедската тура „Возиме за бегалците“ по повод 20 Јуни, Светскиот ден на бегалците. Турата ќе се одржи на 20 јуни – понеделник.
За таа цел ги каниме адвокатите да земат активно учество овој настан.
Стартот е планиран за 8:00 наутро за турите 1 (од Мост Обединети Нации – Карпош 4) и 2 (од Мост Близнак – Аеродром), додека стартот ќе биде во 8:15 наутро за турата 3 (поранешно МИ-ДА, сегашно Анхоч, Барбакан, ОБСЕ, бул. Илинден). На секоја од трите тури ќе има назначени редари кои ќе се идентификуваат пред турата и ќе ги насочуваат велосипедистите. Црвениот крст на град Скопје ќе обезбеди две медицински екипи кои ќе реагираат во случај на потреба.
Адвокатите кои се заинтересирани, треба своето учество да го регистрираат на официјалниот меил на Комората Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 17.06.2022 година. Во меилот потребно е да наведете број на маичка.
Придружете се за заедно да ја испратиме пораката дека:
СЕКОЈ, СЕКАДЕ, СЕКОГАШ ИМА ПРАВО ДА БАРА СИГУРНОСТ
Турата е во организација на следните организации и институции: Агенцијата за бегалци при ОН, УНХЦР, Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител, Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ), Меѓународната организација за миграции ИОМ, Црвениот крст на град Скопје, Македонското здружение на млади правници, Младинскиот образовен форум и Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје.