ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

29 Јуни 2022
Претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија г. Љубомир Михајловски и Народниот правобанител г.Насер Зибери на 27.06.2022 година потпишаа Меморандум за соработка со цел подигнување на степенот на заштита на правата на граѓаните и намалување на ризикот од торура, особено врз лицата лишени од слобода.


„Целта на меморандумот е заеднички да ја подигнеме свеста за апсолутната забрана на тортурата, штетните последици од нејзиното практикување врз владеењето на правото и активната улога што адвокатите ја имаат во спречувањето на нејзината употреба и повторување. Заедничкото дејствување гарантира дека зборуваме со еден глас, а со заедничка работа можеме да имаме поголемо влијание. Човековото достоинство и човековите права се во сржта на оваа наша соработка“, истакна при потпишувањето претседателот на Аадвокатската комора на РСМ, г. Михајловски.

Народниот правобранител, г. Зибери посочи дека пристапот до адвокат во првите часови е препознаен како еден од најефикасните начини за намалување на ризиците од злоупотреба и насилство.

„Адвокатите играат есенцијална улога и во осигурувањето дека лицата лишени од слобода се свесни за своите права и дека истите можат ефикасно да ги остваруват“, истакна г. Зибери. 

Меморандумот предвидува Адвокатската комора и Народниот правобранител да:

  • соработуваат на полето на едукација, обука, придонес во објавување на стручни трудови, давање на експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство;
  • соработуваат во изработка на заеднички истражувачки проекти и даваат меѓусебна поддршка во организација на семинари, тркалезни маси и друг вид на настани од заеднички интерес;
  • зголемување на стручноста на адвокатите и стручната служба кај Народниот правобранител во делот на апсолутната забрана за тортура и друг вид сурово, нехумано или понижувачко постапување или казнување;
  • Националниот превентивен механизам е отворен за соработка за изведување и споделување практични искуства со адвокатите во рамки на Центарот за едукација при Адвокатска комора на Република Северна Македонија;
  • Меѓусебна комуникација, кординација и известување за случаи на тортура и друг вид нехумано, нечовечко или понижувачко постапување или казнување;
  • Размена на знаења и предлози во случаи на носење или измена на закони од интерес за спречување на тортура и друг вид нехумано, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.



Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме