Адвокатската комора на Република Северна Македонија го одржа 67-то годишно Собрание на Комората. Во рамки на Собранието беа избрани членови на новиот Управен одбор на Комората, а за претседател беше избран адвокатот Љубомир Михајловски.
Михајловски, кој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората, во својот говор на отворањето на Собранието порача дека силата на адвокатурата, која во моментов брои две илјади и осумстотини активни адвокати и дополнително стручни соработници и приправници е во единството, како неопходен услов за унапредување на професијата. Ја истакна важноста на адвокатурата како неприкосновена уставна категорија, независна и самостојна професија што преставува гаранција за обезбедување непристрасна правна помош. Во своето излагање, претседателот на Комората истакна дека членовите на Комората мора да се единствени и неподелени по партиска, етничка или верска припадност.

„Единството е сила која што ја одржува адвокатурата и ја води напред. Независноста и нејзиниот интегритет е од битно значење за адвокатурата и правниот систем на државата. Оттаму неопходно е поддршка од целокупното членство во оваа заложба. Без поддршка од секој член на комората, нема да има прогрес и просперитет во работењето. Членовите кои што ќе бидат избрани мора да работат во интерес на сите адвокати. Истите не смеат да бидат чувари на поединечни интереси и со своето работење мораат да ја штитат и унапредуваат адвокатурата“, посочи претседателот на Комората.
Михајловски ги истакна достигнувањата на досегашниот Управен одбор како што се: директното учество преку претставници на Комората во создавање на бројни законски решенија кои се во функција на владеење на правото и унапредување на адвокатурата како заштитничка на човековите права, соработката со домашни и странски организации и институции, потоа купувањето на нови деловни простории на Комората, обуки на адвокатите, учество на бројни настани, итн.

„Постигнавме сè што зацртавме за овој мандат, а постигнато е многу. Би сакал да потенцирам дека Комората во моментов е финансиски стабилна, а собравме и средства со кои купивме деловен простор од 400 метри квадратни кој содржи: конференциска сала наменета за обуки, канцеларии, архива, приемен дел, 11 паркинг места, итн. Деловниот простор е купен без да се задолжиме ниту еден денар никаде, а истовремено во сопственост на Комората остануваат и досегашните простории. Истите ќе придонесат и за поефикасен пристап на граѓаните до Комората. Ова е успех на сите адвокати, кој успех заедно го постигнавме. Во седиштето на Kомората имаме услови за одржување на обуки, работилници и други настани за постигнување на квалитет во едукација и работење на адвокатите. Сега имаме силна основа за идните генерации кои ќе доаѓаат и кои треба да ги продолжат успесите за градење на моќна и модерна адвокатура“, истакна Михајловски.
Тој додаде дека Комората во моментот има поддршка и ужива углед кај сите домашни институции и меѓународни организации, како што се Амбасадата на Соединетите Американски држави, Европската Унија, Советот на Европа, УНХЦР, ОБСЕ и други. Во рамките на овие соработки само во изминатата година се реализирани бројни обуки на кои учествуваа шестотини адвокати. Соработката, потенцираше, ќе продолжи активно во повеќе области и во иднина.
За заменици претседатели на новиот Управниот одбора беа избрани адвокатките Јелена Ристиќ од Скопје и Хамдије Адеми Тафа од Кичево, а за останати членови следните адвокати: Жана Кузмановска од Скопје, Виолета Василева од Скопје, Никола Арсовски од Скопје, Ружица Николовска од Скопје, Никола Биџовски од Штип, Тања Јованова од Виница, Кирил Гоџиров од Струмица, Иван Рутевски од Битола, Ивица Кушевски од Битола, Стојан Прензоски од Охрид, Илија Адамчески од Прилеп, Марјан Витановски од Куманово, Александар Симјаноски од Тетово и Оливер Гашев од Велес.

Во рамки на Собранието беа избрани и членови на останатите органи на Комората.
За членови на Надзорниот одбор беа избрани: Лазо Ѓорѓиевски од Скопје, Владимир Стојкоски од Струга, Емил Гугучески од Прилеп. За заменици членови на Надзорниот одбор беа избрани: Игор Стошиќ од Скопје, Рената Миладиновска од Скопје и Наим Цами од Дебар
За Дисциплинскиот обвинител беше избран Васил Арабаџиев од Струмица. За заменици дисциплински обвинители беа избрани: Александра Боинска од Скопје, Илијана Макаровска од Скопје и Ристo Каркалашев од Гевгелија.
За членови на Дисциплинскиот суд беа избрани: Емил Балабан од Охрид, Оливер Илиевски од Битола и Иван Лефков од Кочани. За заменици членови беа избрани: Дарко Гоцевски од Струмица, Марко Илиевски од Куманово и Василка Тасева од Кавадарци
За членови на Жалбениот совет беа избрани Златка Денковска од Скопје, Билјана Јандриоска од Скопје, Коста Нојков од Велес, Лирим Мустафи од Гостивар и Лела Стојкова од Скопје. За заменици членови на Жалбениот совет беа избрани Александар Варела од Скопје, Горјан Бошевски од Битола, Анета Наумчевска од Гостивар, Вања Самарџиева Даскалова од Кавадарци и Нина Трпковска од Скопје.