Соработката помеѓу Адвокатската комора и Правниот факултет ќе се одвива во следните сегменти:
- Ангажирање на адвокати од Адвокатската комора на Република Северна Македонија за помош во спроведување на активностите на наставата од акредитираните наставни програми на Правниот факултет „Јустинијан Први“;
- Ангажирање на адвокати од Адвокатската комора на Република Северна Македонија за помош во спроведување на активностите на Правните клиники на Правниот факултет „Јустинијан Први“, како и за застапување на предметите од клиниките пред судовите во Република Северна Македонија;
- Ангажирање на стручен кадар од редот на редовните професори, вонредните професори, доцентите, асистентите и демонстраторите на Правниот факултет „Јустинијан Први“, заради експертиза во подготовката на курикулуми и спроведување на истите во рамки на Центарот за едукација при Адвокатската комора на Република Северна Македонија;
- Учество на стручен кадар од редот на редовните професори, вонредните професори, доцентите, асистентите и демонстраторите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во спроведувањето на наставните активности на Центарот за едукација при Адвокатската комора на Република Северна Македонија;
- Соработка во организирање на конференции, семинари, работилници и тркалезни маси;
- Овозможување на практикантска работа во Адвокатската комора на Република Северна Македонија за студентите на прв и втор циклус на Правниот факултет „Јустинијан Први“, заради помош во спроведување на секојдневните активности на Комората, во текот на летниот период или во текот на една календарска година, во зависност од потребите на Комората, при што максималното времетраење на практикантската работа се определува согласно позитивните законски прописи со кои се уредува практикантската работа;
- Заедничко изготвување и партнерско аплицирање на проекти од заеднички интерес;
- Заедничко изготвување на анализи, стручни и научни мислења и истражувања и размена на информации заради заемни потреби;
- Соработка во делот на подготовка, понуда и насочување кон избор на можни теми за изготвување на практични/апликативни магистерски и докторски тези на теми кои се релевантни за развој и унапредување на владеењето на правото и адвокатурата;
- и други области на кои ќе се согласат потписниците.
Потписниците во рамки на меѓусебната соработка за потребите од организација на обуки и други активности ќе вршат размена на предавачи, искуства и знаења, вклучително и користење на просторните капацитети на страните потписнички.