ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ СО УНХЦР

16 Мај 2022
Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски и претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации - УНХЦР во Република Северна Македонија, Моника Сандри на 12.05.2022 година потпишаа Меморандум за разбирање со кој се препознава важноста од градење партнерство во областа на пристапот до правна помош, заштитата на човековите права и слободи, зајакнувањето на владеењето на правото, градењето капацитети, трансферот на технологија и ширењето на знаење и учество во заеднички проекти.


Соработката помеѓу Адвокатската комора  и УНХЦР, ќе се одвива во следните сегменти:

- Зајакнување на капацитетите преку промовирање на заедничко разбирање за бегалското право и принципите за азил преку охрабрување на развојот на национални практики целосно компатибилни со меѓународните стандарди и владеењето на правото;
- Зголемување на знаењето адвокатите за правото на бегалците и меѓународната заштита со цел Адвокатската комора да преземе соодветни активности во релевантни случаи;
- Развивање можности за заеднички проекти, активности и дополнителни заеднички напори засновани на интерес, вклучително и дигитална инклузија итн.




Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме