Коцарев, активно, цели 55 години, до крајот на својот живот ја извршуваше адвокатската дејност што претставува една од најдолгите и најплодните адвокатски кариери во Северна Македонија. Препознавајќи го неговиот ентузијазам и исклучителен придонес во изградбата на македонската адвокатура, минатата година Комората му додели плакета за успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата.
Роден е на 11 декември 1928 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Својата кариера ја започнал како правен референт во различни организации, а работел и како стручен соработник во Окружниот стопански Скопје и Општинскиот суд Скопје 1. Во Именикот на адвокати се запишува на 01.07.1967 и оттогаш ја извршува адвокатската дејност. Носител беше на лиценцата со број 31.
Адвокатската комора на РСМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изразува сочувство до семејството и најблиските.