Претседателот на Адвокатската Комора на РСМ, Љубомир Михајловски оствари средба со министерот за правда, д-р Никола Тупанчески
Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски на 1.02.2022 оствари средба со министерот за правда, д-р Никола Тупанчески.
На средбата се разговараше за зацврстување на соработката помеѓу Комората и Министерството, а со цел унапредување на владеењето на правото како врвна цел на секое општество.
Претседателот на Комората ja истакна важноста која ја имаат адвокатите во правниот систем на државата и во јакнењето на заштитата на правата и слободите на граѓаните. Притоа беше укажана спремност на Комората за учество во секоја од работните групи за подготовка на законските решенија со цел креирање на квалитетни решенија од аспект на праксата и обезбедувањето на правната сигурност.

Министерот за правда ја поздрави работата и заложбата на адвокатите и истакна дека адвокатите се клучен чинител за реализирање на правната сигурност, како најважниот аспект на владеењето на правото. Министерот посочи дека Министерството за правда ќе продолжи и понатаму да дава поддршка за сите суштествени прашања кои што се од интерес на развојот на адвокатурата, а се во надлежност на Министерството за правда.