
Г-дин Коцарев кој е носител на лиценцата со број 31, истакна дека е голема чест и задоволство што веќе 55 години е дел од адвокатската фела и од една благородна професија чија основна е мисија заштита на човековите права и слободите.

Претседателот на Адвокатската комора, г-дин Михајловски, се заблагодари на адвокатот Коцарев и го изрази своето задоволство, потенцирајќи го неговиот придонес во изградбата на македонската адвокатура заснована врз исклучителниот ентузијазам и врз борбата за општествена правда и за владеењето на правото. Претседателот Михајловски порача дека ентузијазмот и посветеноста со кои г. Коцарев ја извршува професија, треба да биде водилка за идните генерации.
