ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО РЕГИСТРАЦИЈА НА РЕСТРИКТИВНАТА ВЕБ ПЛАТФОРМА НА УПРАВАТА ЗА ФИНАСИСКО ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

28 Јануари 2022
Почитувани, 

Во прилог го пренесуваме интегрално известувањето на Управата за финасиско разузнавање доставено на ден 28.01.2022 година до Адвокатската комора на РСМ во врска со регистрација на Рестриктивната веб платформа на Управата:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  1. Во врска со претстојната Евалуација на Управата за финансиско разузнавање и системот за спречување на перење пари и финанасирање на тероризам на Република Северна Македонија(во 10м.2022г.) од страна на тимот на евалуатори од Moneyval Комитет во Советот на Европа, Ве информиравме и ви доставивме инструкции за начинот на соработката во врска со одговарањето на прашањата од Прашалникот(MEQ - technical compliance NM 20 12 2021 во понатамошниот текст: Прашалник),
  2. Исто така Управата за финансиско разузнавање  (УФР) ја надгради својата веб страна, и ја стави во продукција новата Рестриктивна веб платформа и во моментот спроведува акција за масовно регистрирање и давање на пристап на субјектите кои треба да ја користат субјектите при вршење на анализа на сомнителни трансакции и соработка со УФР.
  3. Со цел ставање во функција и користење на придобивките од оваа корисна алатка за субјектите АПЕЛИРАМЕ до сите субјекти и до АДВОКАТИТЕ (овластените лица или замениците на овластените лица за СПП и СФТ од член 57 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам) да достават Барање за регистрација согласно инструкциите дадени подолу во e-маилот за субјектите кој воедно важи и за адвокатите.Сегментот Консолидирана листа е особено важен  за примена на законските одредби од Законот за меѓународни рестриктивни мерки за сите субјекти и за адвокатите со што превземањето на  законските мерка од страна на субјектите на овој начин многу се олеснува.
  1. Со масовно пристапување и користењето на оваа алатка од страна на Адвокатите и сите останати субјекти се надеваме на Позитивни оценки од страна на Евалуаторите кои се  исклучително важни за нашата држава.Само со заеднички ангажман на сите инволвирани страни ќе успееме  да го подобриме и зајакнеме системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на РСМ .

Во продолжение  унифицираниот email за регистрација на Рестриктивната веб платформа на Управата:

Почитувани субјекти,

Со овој допис ги известуваме овластените лица или замениците на овластените лица за СПП и СФТ од член 57 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ број 120/18, 275/19 и 317/20 во понатамошниот текст: ЗСППФТ) на субјектите од член 5 од ЗСППФТ, дека Управата за финансиско разузнавање (УФР) ја надгради својата веб страна, и ја стави во продукција новата Рестриктивна веб платформа. Платформата задолжително треба да ја користат субјектите при вршење на анализа и соработка со УФР. Рестриктивната веб платформа е составена од 4 сегменти (делови) и тоа:

- Консолидирана листа,

- Типологии и индикатори за субјекти,

- Документи и

- Ризични држави.

Процесот на барање на пристап до рестриктивниот портал започнува преку националниот еИД, каде што неопходен услов е корисникот да има активна корисничка сметка. За да може корисникот да побара пристап до рестриктивниот портал најпрвин мора да се најават и потоа да го пополнат барањето на регистрација.

 Пристапот до Рестриктивната веб платформа на УФР е ограничен само за овластените лица или замениците на овластените лица за СПП и СФТ. Имено, овластените лица и замениците на овластените лица за СПП и СФТ по добивањето на овој e-mail потребно е да се регистрираат на следнава адреса со пополнување на барањето за регистрација:

https://restricted.ufr.gov.mk/

 Барањето за регистрација (профилот) содржи:

  1. Лични податоци за овластеното лице (корисникот) и тоа: Име, презиме, е-пошта, телефонски број, датум на раѓање,Број на документ (лична карта/пасош), Документот е издаден оди Важност на документ.                                                                                     
  2. Податоци за субјектот и тоа: Назив,Адреса на субјектот, Единствен матичен број на субјектот (ЕМБС), Единствен даночен број (ЕДБ), Официјална е-пошта на субјектот, Категорија на субјект по член 5 од Законот, Име на Законски застапники Презиме на Законски застапник.
  3. Скениран документ за овластување на овластено лице и негов заменик во ПДФ форма.

 По разгледувањето и одобрувањето на Барањето од страна на администраторите во УФР овластените лица ќе можат да пристапат до рестриктивната веб платформа.“

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме