Вишиот управен суд по однос на примена на член 86 од Закон за управни спорови (Службен весник на РСМ бр.96/2019) за досудување на трошоци во управен спор, со мнозинство гласови го усвои следниот:
З А К Л У Ч О К
- Согласно член 8 точка 10 од Адвокатската Тарифа која се однесува за награда за пишување писмени состави (поднесоци) таа за управен спор да се досудува во износ од 7.000,00 денари
- Понатаму да се досудува предвиденото во став III точка 1 од истата, односно:
- За застапување и одбрана, награда да се досудува како за состав на поднесок и саатнина од 20% за секој започнат час, освен за глава II точка 2,3 и 4
- IV Награда за состав на правен лек – да се досудува како е предвидено во АТ, односно за состав на редовен и вонреден правен лек и одговор на редовен и вонреден правен лек, наградата да се досуди за 50% поголема од наградата за застапување или одбрана, а ако адвокатот не учествува на расправа или претрес, наградaта за 100% зголемена, освен за глава II точка 2,3 и 4.
- Исто така да се досудува и 30 % паушал согласно глава VI од заедничките одредби на Адвокатската тарифа, освен за глава II точка 2,3 и 4 (кај бесплатна правна помош).
ВИШ УПРАВЕН СУД, СЕДНИЦА НА СУДИИ