Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на членовите 31 и 37 од Деловникот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, а во врска со примена на член 102 во врска со член 107 од Законот за кривичната постапка, на седницата одржана на ден 07.12.2021 година, донесе:
Заклучок на Врховниот суд за определување на трошоци во кривична постапка
З А К Л У Ч О К
Кога решението за трошоци содржано во обжалената пресуда е нејасно, неразбирливо во тој дел, одлуката не може да се испита, бидејќи не содржи релевантни образложени причини поради кои првостепениот суд ги одмерил трошоците за застапување на бранителот по службена должност, а околноста што бранителот е поставен од судот по службена должност, во случаите кога е тоа предвидено со Закон, не значи и можност судот произволно да ја определува висината на трошоците на кривичната постапка, со оглед дека ваква можност не е предвидена ниту во Законот за кривичната постапка, ниту во АТ, со која се одредува висината на наградата и трошоците за дадената правна помош, ниту со друг пропис со кој би се регулирала висината и начинот на определување на трошоците во кривичната постапка, во кои спаѓаат и трошоците на бранителот поставен по службена должност.
Оддел за казниви дела