Напоменуваме дека ова се генерални насоки, а дополнително во соработката со Агенцијата ќе се утврди постапувањето за самостојните адвокати.
Известувањето го пренесувме интегрално:
„Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), следејќи ја активно примената на Законот за заштита на личните податоци, а по извршената анализа на преземените активности од страна на контролорите и обработувачите во врска со нивното усогласување во работењето со одредбите на Законот во рамки на утврдениот 18 месечен период (24 февруари 2020 - 24 август 2021 година), како и согледувањето на предизвиците со кои најчесто се соочуваат, со цел уште повеќе да ја промовира и засили свесноста на контролорите и обработувачите за нивните обврски според овој закон, ги разви и донесе овие Насоки за изработка на неопходната документација за технички и организациски мерки при обработката на личните податоци (Насоки).
ДОКУМЕНТАЦИЈА
- Изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци;
- Евиденција на овластени лица кои имаат авторизиран пристап до документите и информацискиот систем;
- Одлука за определување на офицер за заштита на личните податоци;
- Одлука за определување на овластено лице за сигурност на информацискиот систем (администратор на информацискиот систем). “