Почитувани,
На 24 август почнува примената на новиот Закон за заштита на лични податоци објавен во Службен весник бр.42/20 од 16.02.2020 година.
Ве информираме дека Адвокатската комора на РСМ е во постојана комуникација со Агенцијата за заштита на лични податоци, при што од нивна страна ни е укажано дека се врши изготвување на конкретни насоки за постапување кои ќе бидат објавени на запознавање на правните субјекти.
Од Агенцијата истакнуваат дека остануваат отворени за соработка во наредниот период и ќе дадат дополнителни објаснувања на оние правни субјекти кои имаат потреба од тоа.