Овој пат, соработката продолжува со организација на ХЕЛП курс од областа на слободата на изразување. Средбата за започнување на овој курс ќе се одржи онлајн на 29.09.2021 (среда) со детални инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на курсот, како и структурата на истиот. Курсот е наменет за адвокати, судии и обвинители.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 17 септември 2021 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Бидејќи се работи за ограничена бројка од 15 адвокати, учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен,
Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на платформата за учество на средбата за започнување на курсот.
Нацрт агендата преземете ја од линкот подолу.