На ден 07.06.2021 година е објавен текст на веб страната на Академик.мк во кој е наведено дека во соработка со Министерството за правда и Адвокатската комора на Република Северна Македонија да се изврши намалување на висината на цените на адвокатските услуги во однос на бранителите по службена должност.
Адвокатската комора на Република Северна Македонија ги известува членовите дека ваквиот предлог од страна на Судскиот буџетски совет е едностран и истиот е донесен без никакви претходни консултации, мислења и согласност од АКРСМ.
Адвокатска комора на РСМ укажува дека согласно Уставот и законите во Република Северна Македонија е единствено надлежна за утврдување на висината на Адвокатската тарифа.