ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АКРСМ, МИХАЈЛОВСКИ ЗА МЕДИУМИТЕ: БАРАМЕ ОДЛОЖУВАЊЕ НА СИТЕ СУДСКИ РОЧИШТА, ОСВЕН ИТНИТЕ ПОСТАПКИ!

17 Март 2020

Објавено на телевизија TEЛМА
17.03.2020


Во пресрет на одлуката на Судски совет за тоа кои судења ќе се одржуваат, а кои ќе се одлагаат, како дел од мерките за превенција, претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски, предупреди дека низ судниците во цела држава дневно се одржуваат по неколку 1000 рочишта и претставуваат потенцијални места каде може да се шири корона вирусот. Дополнително како адвокати комуницираме со притворени и затворени лица и би било катастрофа ако во затворите се прошири вирусот, истакнува Михајловски. Тој потсети дека Адвокатската комора викендот испрати писма до сите надлежни со барање да се одржуваат само итните предмети. Вели како адвокати ќе ги почитуваат одлуките и насоките што ќе ги донесат Судски совет и Врховен суд.

-Само вчера, во Граѓанскиот суд, во рок од два саати имаше  600 луге, како цела Универзална сала да ја донесете. Ова не го бараме само поради адвокатите туку поради сите и граѓани, изјави Михајловски.

Целиот прилог проследете го ТУКА.


>>  ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАРТОВСКА УПИСНА СЕСИЈА

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме