Адвокатската комора на Република Северна Македонија, имајќи ги во предвид состојбата со корона вирусот во државата, како и препораките на Владата на Република Северна Македонија, ги известува сите граѓани дека прием на странки во просториите на комората ќе врши во деновите вторник и четврток од 11-12 часот.
Истовремено се апелира до сите граѓани, доколку не е неопходно да се избегнува физичко доаѓање во просториите на комората, а сите писмена да се доставуваат до Комората по електронски пат на е-маил. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Мерката ќе трае до наредно известување од АКРСМ.