Одржани состаноци со повеќе адвокатски заедници

24 Октомври 2019
Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, адвокат Љубомир Михајловски минатата недела, 16.10.2019, одржа состанок со адвокатските заедници Штип, Кочани, Пробиштип, Виница, Македонска Каменица, Делчево и Кратово.

Целта на состаноците е воочување на проблемите со кои се соочуваат адвокатите во конкретните заедници, како и на генерално ниво. 

Актуелните законски решенија кои ги засегаат адвокатите, надриписарството, работење под Адвокатската тарифата, адвокатската членарина,  се само дел темите кои беа акцентирани. Од страна на претседателот Михајловски беше посочено дека Комората тековно работи на унапредување на адвокатската дејност и справување со предизвиците, како и тоа дека мора да има соработка и единство помеѓу адвокатите заради исполнување на овие цели.

Состанок беше одржан и со адвокатската заедница Свети Николе на кој за нов претседател на заедницата беше избран адвокатот Драган Паневски.

Предвидено е наредниот период состаноци да се одржат и во останатите адвокатски заедници. 

Состаноци претходно се одржани и со адвокатските заедници Битола, Гостивар, Прилеп и Струмица.
 
 
 
 
 
 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме