Достапна е електронската верзија на публикацијата „Правна заштита на избирачките права: предизвици и перспективи”, чиј автор е д-р Јелена Ристиќ.
Оваа публикација претставува детален приказ на резултатите што произлегоа од активностите спроведени во рамките на проектот „Правна заштита на избирачките права“, имплементиран од Институтот за правни и политички истражувања, со поддршка на Амбасадата на САД и Амбасадата на Кралството Холандија. Проектот е имплементиран во периодот од септември 2017 до октомври 2019 година, при што биле опфатени локалните избори одржани во октомври 2017 година, референдумот одржан во септември 2018 година и претседателските избори одржани во април-мај 2019 година.
Главниот фокус на проектот е ставен на зајакнувањето на заштитата на слободното остварување на избирачкото право преку преглед, селекција, подготовка и поднесување на случаи во врска со разни повреди на избирачките права до релевантните институции, како и обезбедување поддршка на актерите во правосудството при идентификување, следење и подобро разбирање на прашањата и на потребите во однос на спроведувањето на регулативата за заштита на избирачките права. Во оваа смисла е спроведена и анализа на законската регулатива што е релевантна за избирачкото право, со цел да се придонесе кон спроведувањето на ревизијата и подобрувањето на Изборниот законик.
Преземете ја електронската верзија на публикацијата „Правна заштита на избирачките права: предизвици и перспективи”
Преземи документ:
- Правна заштита на избирачките права (336 Преземања)