25-ти октомври е Европски ден на правдата што секоја година се одбележува во сите држави во Европа. Целта за негово одбележување е во сите европски држави, правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување. Интенцијата за одбележувањето на Европскиот ден на правдата е на граѓаните во Европа да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области (семејно право, право на сопственост, наследување, договорно право, авторско право и сл.)
Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави. Овој ден посебно се одбележува со организирање на отворени денови во судовите, средби на адвокатите, судии, медијаторите, нотарите со граѓаните, давање на информации и совети на граѓаните, симулации на судење, организирање на локални конференции и сл.
Како и секоја година, нашата држава и оваа година се вклучува во одбележување на Европскиот ден на правдата.
За таа цел, Адвокатската комора на РСМ на 25 октомври (петок) во Апелациониот суд Скопје, канцеларија бр.43 (прв спрат) од 10.00 до 14.00 часот организира отворен ден на кои граѓаните на средби со адвокати ќе можат да се информираат за своите основни права во повеќе области.