
Учесниците ги поздрави претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Љубомир Михајловкси, кој ја пофали соработката со ХЕЛП програмата на Советот на Европа и ја потврди заложбата на Комората за обезбедување континуирано образование на адвокатите со оглед на нивната улога во заштитата на човековите права.
ХЕЛП програмата, нејзината методологија и курсевите преку Интернет, како и завршените и претстојните активности за адвокати, судии и обвинители беа претставени на учесниците од страна на Секретаријатот ХЕЛП.
Покрај тоа, Маркијан Бем, поранешен адвокат во Европскиот суд за човекови права, на учесниците им обезбеди општ преглед на член 8 од Европската конвенција за човекови права (Конвенцијата) во врска со заштитата на личните податоци, вклучително и темелна анализа на усогласеноста на операции за обработка на податоци со член 8 од Конвенцијата.
Националните тутори на ХЕЛП, д-р Јелена Ристиќ, адвокат и заменик престедател на АКРСМ и Александра Стојановска Тасевска, адвокат, на учесниците им го презентираа правниот развој во областа на заштитата на податоците и правата на приватност на меѓународно и национално ниво.
После настанот за започнување, учесниците ќе го спроведуваат курсот преку Интернет во период од 2 месеци.
Курсот е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци во 28-те земји членки на ЕУ, позната и како „ХЕЛП во 28-те”. Се работи за програма на Совет на Европа со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.