Претседателот на Адвокатската комора на РМ, адвокат Љубомир Михајловски изминатиов месец одржа состаноци со адвокатските заедници Битола и Гостивар.
Целта на состаноците е воочување на проблемите со кои се соочуваат адвокатите во конкретните заедници, како и на генерално ниво.
Актуелните законски решенија кои ги засегаат адвокатите, надриписарството, работење под Адвокатската тарифата се само дел темите кои беа акцентирани. Од страна на претседателот Михајловски беше посочено дека Комората тековно работи на унапредување на адвокатската дејност и справување со предизвиците, како и тоа дека мора да има соработка и единство помеѓу адвокатите заради исполнување на овие цели.
Предвидено е наредниот период состаноци да се одржат и во останатите адвокатски заедници.