Адвокатската комора на Република Македонија, со поддршка на Американската адвокатска комора (АБА РОЛИ), во периодот од 24-26 Октомври 2018 година, реализираше три обуки за адвокати во Скопје.
Целта на овие обуки беше да им овозможат на македонските адвокати соодветни знаења и практични вештини за елементите и фазите на кривичната постапка. На обуките учество земаа околу 50 учесници-адвокати и членови на Адвокатската комора на Македонија, кои ја искористија оваа можност да стекнат знаења и практични вештини за предистражната кривична постапка, доказите во кривичната постапка и улогата на адвокатот во фазата на обвинение како составен дел на кривичната постапка, како и да се поврзат со своите колеги-адвокати, да разменат искуства и да развијат идни потенцијални партнерства. Овие тренинг - модули се дел од програмата за обука, креирана од страна на членовите на работната група за правна едукација на Македонија, кои учествуваа на обуката за обучувачи за ЗКП, која што се одржа во Скопје во јуни 2018 година. Покрај веќе реализираните три обуки, претстои реализацијата на уште две обуки од програмата за обуки што треба да се спроведат: обука за развивање на основните техники и вештини во поглед на градењето на одбраната на клиентот, закажана за 20 ноември, и обука за развивање на адвокатските вештини во поглед на подобрување и развивање на добро пишување на адвокатите, закажана за 21 ноември. И двете обуки ќе се одржат во Скопје.
Првата обука се одржа на 24 октомври, а беше спроведена од обучувачите адвокат Даниел Иваноски и адвокат Елена Грижева. Целта на оваа обука беше да им се помогне на адвокатите во развивање на вештини потребни за успешно претставување на обвинетиот во предистражната кривична постапка, а на обуката беа елаборирани повеќе теми меѓу кои: запознавање со обвинетиот и подготовка на одбраната, вовед и запознавање со улогата и вештините на бранителот во предистражната постапка, улога на одбраната во врска со притворот, вештини за пишување за предлози, истрага за одбрана и други вештини потребни за оваа фаза од кривичната постапка.

Вториот ден, 25 октомври, беше реализирана обука за развивање на адвокатски вештини во врска со прибирањето на доказите и доказните средства во кривичната постапка. Целта на оваа обука беше да им помогне на адвокатите да ја разберат улогата и значењето на доказите во кривичната постапка, да ги добијат потребните вештини за изнаоѓање и оценка докази кои се легитимни и корисни за одбраната, како и да можат критички да се произнесат по доказите на обвинителството. Оваа обука ја реализираа: адвокат Гордана Михајловска и адвокат Флора Илковска.
На 26 октомври, беше реализирана обуката за развивање на вештини кај одбраната за фазата на обвинение како дел од кривичната постапка и улогата на адвокатот во оваа фаза. Целта на обуката беше да им се овозможи на адвокатите да ја разберат улогата и важноста во оваа фаза во кривичната постапка, како и да ги стекнат знаења на кој начин и со кои средства треба да се служи адвокатот со цел поуспешно застапување на својот клиент. Обучувачи на оваа обука беа адвокат Фатмир Муса и адвокат Гордана Митовска.