По барање на Адвокатската комора на Република Македонија (АКРМ) одржани се состаноци со големи компании-доверители во врска со примената на Законот за парнична постапка, Закон за нотаријат и Закон за извршување во постапките за присилна наплата на побарувања по основ на долг што овие и други доверители ги водат пред судовите, нотарите и извршителите во Република Македонија.
Имено, во праксата на работењето на одредени доверители забележано е постапување спротивно од утврденото согласно Законот за парнична постапка, Закон за нотаријат и Закон за извршување особено во делот каде доверителите за наплата на своите тужени побарувања (кај нотар, извршител или во суд) користат услуги на т.н. Агенции за наплата кои во суштина се правни субјекти регистрирани согласно Законот за трговските друштва и кои согласно Законот за парнична постапка, Закон за нотаријат и Закон за извршување немаат надлежност да застапуваат странки пред судовите, нотарите и извршителите во Република Македонија. Тоа значи дека тие преземаат дејствија на пружање правна помош со надомест без законски основ, што по дефиниција претставува надриписарство кое е казниво согласно Кривичниот Законик на Република Македонија.

Во разговорите од страна на претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, г-дин Љубомир Михајловски и г-ѓа Жана Кузмановска, член на Управниот одбор на Комората, укажано е дека ангажирањето на овие правни субјекти за наплата на побарувањата и преземањето на мерки од нив претставува надриписарство, дотолку повеќе што овие фирми не се надлежни според позитивни законски прописи во Република Македонија да опоменуваат тужени странки, да склучуваат спогодби со истите, како и да поднесуваат предлози до нотарите за наплата на долговите. Застапувањето на странките, како и кругот на лицата кои можат да бидат полномошници во постапките пред судовите, нотарите и извршителите се регулирани со одредби во Законот за парнична постапка, Законот за нотаријат и Законот за извршување, па доколку веќе е започната постапка за присилна наплата кај нотар, суд или извршител не можат т.н. Агенции за наплата да ги застапуваат доверителите во реализација на нивните парични побарувања пред овие институции бидејќи со тоа спротивно на претходно наведените закони, ја узурпираат надлежноста на овластените полномошници и неовластено пружаат правна помош за соодветна награда со што го исполнуваат битието на кривичното дело надриписарство.
Целта на Адвокатската Комора на Република Македонија е преку работни средби со т.н. големи доверители кои ќе се одржуваат и во иднина да им укаже на ваквата состојба заради доследно применување одредбите на Законот за парнична постапка, Законот за нотаријат и Законот за извршување во делот на овластените лица за застапување во постапките за присилна наплата на побарувањата, бидејќи во спротивно адвокатската фела ќе преземе законски мерки за спречување на ваквата појава.