Академик.мк ја објави најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јуни 2018 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.
На 30 јуни 2018 година стапуваат во примена одредби од Правилникот за видот, содржината, формата, начинот на водењето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, помошните книги, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, начинот на чување и обнова на нотарските списи и исправи, начинот на архивирање и организирањето на архивирањето, како и преземање на други формални дејствија ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 226/2016).
На 30 јуни 2018 година престануваат да важат одредби од Правилник за видот, содржината, формата, начинот на водењето и чувањето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, како и преземање на други формални дејствија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2010 и 38/2012).