Триесет и тројца нови адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во јунската сесија 2018 година.
(ФОТО) Свечено доделување на лиценци за адвокати во јунска сесија 2018 година
Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.
„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.
На свеченоста се обрати претседателот на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), г. Љубомир Михајловски кој изрази надеж дека новите генерации адвокати ќе внесат нови погледи и напредок на адвокатурата и со тоа ќе бидат гордост на македонската адвокатура.
„Денес е голем ден за вас - бидејќи станувате адвокати, за нас - бидејќи од денес ве имаме во нашите редови.
Потребен е многу напор, маки и залагања за да се стане адвокат. Од денес ве очекуваат многу големи предизвици и обврски. Влегувате во свет на борбите - борба за успех, борба за финансии, борба за имиџ и престиж.
Во сите тие случувања ќе имате и борби сами со себе за интегритет, лојалност и правда. Овие се потешко остварливи и се надевам моите зборови правилно ќе ги сфатите.
Во текот на работењето како адвокати ќе се соочите со многу неправди, падови и несуспеси. Често, не по ваша вина или грешка, ќе се соочите со тешки моменти и кризни состојби. Но, од овие ситуации ќе излезете помудри, постручни и посилни.
Ќе има денови на среќа и успех, радувајте се на нив, делете ја среќата со вашите најблиски кои еве денес се со вас.
Во адвокатската фела ќе сретнете разни колеги, за жал во текот на работењето има колеги кои ги забораваат овие работи, но моите зборови сфатете ги како совети и желби за успех, ваш и на Комората во целост. Почитувајте се и помагајте си еден на друг. Адвокатурата е борба во која еден губи сигурно. Во судница сте противници, но надвор сме колеги и пријатели. Бидете гордост на македонската адвокатура, како млади луѓе внесете нови погледи и напредок на адвокатурата!“, истакна во своето обраќање претседателот на АКРМ, г. Михајловски.

Галерија
View the embedded image gallery online at:
https://mba.org.mk/index.php/mk/arhiva-na-informacii/item/505-foto-svecheno-dodeluvanje-na-licenci-za-advokati-vo-junska-sesija-2018-godina#sigProId0165297bda