ОДЛУКА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА РМ

25 Април 2018



Врз основа на член 23 од Статутот на Адвокатска комора на Република Македонија, Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија на седница одржана на ден 24.04.2018 година ја донесе следната

 

ОДЛУКА


Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија донесе Одлука да се поднесуваат тужби против сите адвокати кои имаат ненамирени членарини заклучно со 31.12.2017 година.

 
Доколку адвокатот и после покренување на постапката не ја плаќа членарината, со пролонгирање на постапката, одбегнување на обврската за плаќање на било кој начин вклучително и преку приговори за застареност, од страна на Комисијата за прием, упис и бришење од Имениците и издавање и одземање на лиценца, да биде донесена Одлука за престанок на правото на вршење на адвокатска дејност (член 23 став 2 точка 6 од Законот за адвокатура).

Да се објави јавен повик на веб страната на Комората за ангажирање на адвокати за подготвување на тужбите и застапување пред судовите во постапката за наплата на членарината во рок од 3 дена. Услов за ангажирање на адвокатите е во целост да ја имаат намирено членарината и адвокатската награда по Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите да ја наплатат истовремено со наплатата на побарувањето, а во случај на ненаплатување адвокатската услуга адвокатот е поготвен да ја пружи про-боно на Комората.

Изборот и вкупниот број на ангажирани адвокати ќе ги определи Комисијата за прием, упис и бришење од Имениците и издавање и одземање на лиценца, а извршниот директор на комората ќе ги потпишува договорите со адвокатите.

Оваа Одлука стапува во сила со денот на донесување.

 

АДВОКАТСКА КОМОРА НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседател

Никола Додевски, адвокат

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме